7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Витаминка донираше компјутери во СОУ„Ристе Ристески Ричко“ Прилеп

Прилепскиот гигант Витаминка со уште една донација, овој пат во СОУ „Ристе Ристески Ричко“, училиште каде се реализира дуално образование, практична работа и можност за вработување на учениците во прилепските компании. Директорката на училиштетото Цветанка Ѓорѓиоска, на социјалните мрежи информираше дека Витаминка обезбеди 10 компјутери за потребите на наставно – образовниот процес во оваа институција:
„СОУ “Ристе Ристески-Ричко” Прилеп во текот на неговата долгогодишна работа остварува соработка со голем број компании. Особено значајна е соработката со компанијата АД Vitaminka која, како општествено одговорна компанија, секогаш излегува во пресрет на потребите и барањата од училиштето.
Меѓусебната соработка вклучува професионална обука на наши ученици кои се дел од дуалното образование и потготовка за нивна интеграција на пазарот на трудот. Со тоа наидуваме на позитивна атмосфера во однос на вработување на дел од учениците како и континуирани донации на компјутери и техничко-технолошки помагала за потребите на нашето стручно училиште.
Денес сме сведоци на нова донација од АД Витаминка на 10 нови компјутери за потребите на учениците
АД Витаминка ❤️ Ви благодариме!“, посочи Ѓорѓиоска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) РИСТОВСКИ:ТРИ СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ ГОДИНАВА ЌЕ „ЗАЖИВЕАТ“ ВО ПРИЛЕП

Викендов Прилеп организира летен „Prilep OUTLET Weekend“

Пела Редакција

Бесплатни прегледи и музичка забава в сабота во центарот на Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе