29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

НАЈМЛАДИТЕ ЗА ТАТКОВИНАТА : Браво за дечињата од детски градинки Наша Иднина – Прилеп (ВИДЕО + ФОТО)

Татковината се сака ако се чуствува како своја а дечињата од детските градинки Наша Иднина Прилеп уште сега , од мали нозе научиле како да си ја сакаат својата земја , Македонија.Заедно со своите наставнички “ја накитија” камената бина во центарот на градот со македонски знамиња и ТИЕ  заедно пеејќи за МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ  порачаа дека и тоа како треба да се сака својата држава во која растат и живеат.

Се раздвижи и прилепската чаршија , нормално кога сите ги видоа насмеаните лица и го слушнаа нивното извикување , Македонија , Македонија па секој и се потруди да го регистрира сето тоа на свој начин.Дечињата на случајните минувачи и на сите кои ќе посакаа им делеа македонски знамиња како дел од оваа нивна празнична активност.

Ова е сигурно најискреното , најубавото , најсреќното одбележување на празникот , 8-ми септември.Задоволни дечиња , ангажирани негувателки , среќен Прилеп , чиста десетка за идејата, одлично за дечињата, кои треба од мали нозе да научат дека својата татковина се сака, сега и секогаш.А таа е убава само кога се сака искрено каква што е искрената желба на овие деца за горделиво пеење песна за празникот и за Македонија.

 

Би можело да ве интересира

Заедничко 8-мо мартовско пладне со музика, медењаци и уметност, во организација на ЛАГ Агро Лидер

Пела Редакција

Комеморација на Германските гробишта во спомен на загинатите руски војници од Првата светска војна

Пела Редакција

Мало Коњари 9 години чека канализационен систем со функционална пречистителна станица!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе