Денеска од 10 до 14 часот, во акциска контрола која ја спроведоа заеднички Секторот за сообраќајни работи при одделот за униформирана полиција, Бирото за јавна безбедност и мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата на територијата на ОВР Прилеп санкциионирани се 72 возачи . Санкциите се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи. Од кои 34 возеле без возачка дозвола, 5 возачи биле под дејство на алкохол, 5 возачи управувувале моторцикли без заштитен шлем, 2 возачи се санкционирани кои управувувале моторни возила со несоодветна категорија дозвола, 3 моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 4 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла) , 2 за неисправност кај товарни возила кои вршат превоз на определени стоки, 1 возач кој што вршеч јавен превоз на патници, а притоа не поседува валидно лекарско уверение.
Изготвено е и едно барања за поведување на прекршочна постапка на правни и одговорни лица.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.