11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Учење вештини преку игра и натпревар – и врзувањето врвки на патики се совладува лесно!

Денеска дворот на ООУ Кочо Рацин исполнет со деца, родители, баби и дедовци, наставници, кои навиваа, а и се вклучија во активностите предведени за одбележување на Светската недела на детото. Инвентивноста преку натпревар да се научи вештината за врзување на врвки и шнирање на патики ги спои сите да се вклучат во играта кој ќе биде побрз и повешт. Се вклучија сите одделенија од прво до петто. За сите беа обезбедени признанија, а за најбрзите награди. Конкуренцијата беше голема:

„Ова е една од најбараните вештини – врзување на врвки на патеки. Сме поделени во две категории: ученици од прво до трето и четврто и петто. Од прво до трето врзуваат, додека четврто и петто шнираат. Идејата дојде од она што е наша секојдневна активност – врзување на врвки, ние апелираме децата да се научат како да врзуваат врвки и тоа лепенките ни се силна конкуренција и сакавме со ова да поттикнеме врзувањето врвки да поттикнеме учениците да ја научат“, вели Наташа Мирческа, одделенски наставник креатор на активноста во која се вклучија по завршувањето на детските натпревари и родителите и наставниците со други спортски активности и дружење.

Денешниот настан само дел од активностите кои нашето училиште ги организира по повод Неделата на детето, a како круна на настаните е програмата „НЕЗАБОРАВ И ВЕЧЕН СПОМЕН НА ХЕРОИТЕ“ интегриран ден по повод  Денот на народното востание на македонскиот народ – 11 Октомври која што ќе се одржи на Могилата на непобедените на деветти октомври.

„Во ООУ Кочо Рацин Прилеп цела недела имаме активности. Вчера имавме избор на училишна заедница, денеска е настанот замислен како учење низ игра и натпревар за врзување на врвки од прво до трето одделени и шнирање на патики од трето до петто одделение, утре, среда имаме избор на ученички парламентот, а в четврток е предвиден бидејќи е Денот на учителот малку и децата да се почувствуваат како наставници, ќе бидат заменети часовите да ги одржуваат ученици, а в петок имаме свечен прием на првооделениците во Детската организација. В понеделник е најголемата активност, „шлагот“ на активностите. По повод Денот на народното востание -11 Октомври, ќе имаме интегриран ден каде ќе биде вклучена општината, имавме помош и од компанијата Комфи Ангел ова е прилика да им се заблагодарам. Замислена е програма во која се вклучени сите ученици од прво до деветто одделение. Во 9 часот и 30 минути започнува целокупната програма со академија, посочи Јулијана Тренкоска, директор на ООУ Кочо Рацин Прилеп.

Би можело да ве интересира

СРЕЌНО ЗАВРШИ ПОТРАГАТА ПО ЛАЗЕ ОД ПРИЛЕП

Пела Редакција

Градоначалникот Јовчески поканува на заедничко чествување: Прилеп е подготвен за патрон празникот Свети Никола

Гордана Цветаноска

Од денеска почнува вакцинирањето со трета доза со вакцината „Фајзер“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе