7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во пресрет на празникот 11 ти Октомври ќе биде отворена изложба во библиотека

Во пресрет на „11 Октомври“, еден од најголемите национални празници, во градската библиотека на 10 октомври во 18:30 часот во библиотеката „Борка Талески“ , ќе биде отворена поставка на дела од академскиот сликар Сергеј Андреевски.

Актери од театарот „Војдан Чернодрински“: Даниела Иваноска, Наташа Наумоска и Димитар Ѓорѓиевски ќе читаат поезија од Петре М. Андреевски и Светлана Христова Јоциќ.

Во пресрет на еден од најголемите национални празници, токму во предвечерието кога пред 82 години е означен почетокот на антифашистичката борба во Градот Херој и Првоборец, ќе чествуваме заедно со најсовременото оружје на 21 век- културата, моќта на уметноста и зборот, велат меѓудругото организаторите.

На социјалните мрежи Сергеј Андреевски изрази задоволство за можноста прв пат да го претстави своето творештво во Прилеп во пресрет на празникот 11 Октомври.

Чест ми е, за прв пат и тоа токму спроти Денот на народното востание на македонскиот народ, да претставам дел од моето творештво во градот на непобедените, вели Сергеј Андреевски.

Би можело да ве интересира

Љубители на Jazz дојдете во Прилеп на џез викенд!

Во Градската библиотека се отвора прва трајна поставка на дела од прилепските уметници

Пела Редакција

Театарскиот фестивал за деца „Силјан штркот“ може да започне!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе