7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Заедничка литургија на митрополитите од Македонската православна црква – ОА, ГПЦ и БПЦ во прилепската црква „Свето Благовештение“

Заедничка света архиерејска утриснка литургија на тројца владици од трите сестрински цркви Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), Грчката православна црква (ГПЦ) и Бугарската православна црква (БПЦ)  вчера (недела ) се служеше во прилепската црква „Свето Благовештение“.

Заедничката литургија од трите сестрински православни цркви ја служеа митрополитот во мирување Игнатиос од ГПЦ, старозагорскиот митрополит Киприја од БПЦ и митрополитот Петар од МПЦ-АО, а на покана на митрополитот Петар. Ова е првпат да се служи во прилепскиот храм „Свето Благовештение“.Митрополитот Петар, во својот говор нагласи: Сите ние се причестивме од истата чаша на спасението, со телото и крвта на Единствениот Господ Исус Христос и народот се причести од истата чаша, што не прави сите нас исти пред Господа. Нека ни е за многу години!

По литургијата владиците седнаа на заедничка маса, а размениле и подароциВо Прилеп за првпат по 170 години доаѓа грчки владика, а бугарски по повеќе од 70 години.

-Во храмот „Свето Благовештение“ во Прилеп, митрополитите на трите сестрински православни цркви за првпат заеднички ја служеа литургијата, како потврда на признавањето и рамноправноста на сестринските цркви. Сите заедно од светата чаша се причестија: и Грк и Бугарин и Македонец. За Христос не е битна националноста, туку љубовта помеѓу луѓето, рече за МИА прилепскиот архиерејски намесник, отец Влатко Ристески.

 

 

Би можело да ве интересира

Перканоска: Со поддршката од сопругот, целта ми е да бидам пример за моите ќерки!

Католиците го слават Велигден

Гордана Цветаноска

Јасмина: Две соби ќе ми ја вратат вербата во животот, тие за мене ќе бидат палата и ќе направам прашинка да не падне во нив!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе