7.3 C
Прилеп
среда, 9 април, 2025
Пела Радио

Светот е убав -порачаа со песна и игра учениците од ООУ „Кочо Рацин“ (ГАЛЕРИЈА)

Учениците од ООУ Кочо Рацин навистина покажаа и докажаа дека светот е поубав со песна и игра на својата завршна приредба во рамките на седмата вечер од на училишните смотри. „Светот е убав кога пееме и играме“ беше мотото на програмата која опфати изведби на учениците од сите возрасни групи од прво до деветто одделение.
Презентирани беа танци и музички перформанси, рецитали, драмски изведби, како и неизбежниот модерен балет. Инаку, гордост на ООУ „Кочо Рацин“ се талентираните ученици за пеење и токму затоа беше изведен и мјузикл. Вкупно низ 17 точки на сцената на Центарот за култура Марко Цепенков во кои се претставија околу 250 ученици од ова основно училиште, а публиката уживаше во секоја минута од програмата.
Погледнете дел од програмата низ фотографии:

Би можело да ве интересира

Откриена црква и човечки скелети од 15 и16 век

Елизабета Филипоска

„Маѓепсан круг“- театарска претстава за спречување на трговијата со луѓе

Пела Редакција

Претставата “Црна дупка„ од ансамблот на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица е најдобрата претстава на 58 от издание на МТФ „Војдан Чернодрински„

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе