11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со вонреден инспекциски надзор во прилепската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе изврши вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчето старо десетина дена, кое почина од сепса. Бебето било родено во болницата во Прилеп, а потоа префрлено на Детската клиника во Скопје, каде што, по една недела, почина.

Случајот го обелодени мајката на бебето на социјалните мрежи. Како што сведочи, нејзиното новороденче најпрвин било третирано од жолтица, а во прилепската болница ѝ рекле дека ќе биде пратено во Скопје и дека таму имале подобри апарати. Дента на хоспитализирање на Детската клиника, раскажа мајката, и’ кажале дека е инфекција, а по два дена испитувања – дека детето фатило тешка сепса и како такво било донесено од прилепската болница. Од Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ Прилеп до медиумите ја проследија следната информација:

Според информациите бебето починало од сепса на Клиниката за детски болести во Скопје, каде било донесено во тешка состојба од прилепската болница. Од Клиниката за детски болести во Скопје велат дека бебето кај нив било донесено со неправилно дишење, било згрижено на единицата за интензивна терапија, првично со неинвазивна поддршка на респирацијата, а потоа поставено на механичка вентилација по што починало. Ексдиректорката на Клиниката за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова, специјалист неонаталог  за ТВ „Телма“ посочи и дека бебето е приемно на Детската клиника во Скопје во исклучително тешка состојба.

„Хемокултурата од бебето е позитивна, тоа значи дека станува збор за инфекција, а предизвикувач е бактерија. Од прилепската болница е префрлено кај нас, односно на Клиникава за детски болести каде што се направени сите анализи и е постојано третирано со терапија. Кај него дојде и до откажување на бубрезите и по една недела од приемот бебето почина“, објаснува д-р Софијанова.

Вонредниот инспекциски надзор на ДСЗИ во прилепската болница треба да утврди како бебето добило сепса.

Би можело да ве интересира

Дали е на повидок земјоделска буна ?!

Гордана Цветаноска

Следува студено време со температури под нулата

Елизабета Филипоска

Целовечерен концерт на ансамблот „Стефче Стојковски“ во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе