7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Со тотален колапс Македонска железница слави 150 години

Бизнисот остана без железнички транспорт, граѓаните со само еден воз- оној од Скопје до Велес. Поради тоа што попушти железничкиот мост на Црна река, целосно е во прекин товарниот сообраќај. Бизнисот трпи огромни штети, бараат итно решение. Од Макстил за Телма велат дека за да ја реализираат денешната испорака на роба, правеле претовар во камиони за што ваделе посебни дозволи за транспорт. Освен време, губат и пари. Ова е само една испорака, за следните денови бараат опции,  затоа што железница не функционира, а веќе имаат букирано бродови во солунското пристаниште. Тврдат дека уште пред неколку години алармирале- да се направи целосна санација на  мостот. Очекуваат и од  рекордниот буџет од 5, 5 милијарди евра за догодина, да има повеќе пари за железница за да се стави крај на проблемите во секторот, кој е важен за домашниот БДП. Од МЖ Транспорт тврдат нивниот директор Демири, заедно со неговиот колега , директорот на МЖ Инфраструктура се на терен, но немаат одговор кога мостот ќе биде пуштен

-Во моментов немаме информации кога мостот ќе се санира и ќе биде пуштен, чекаме да дојдат од терен и да видиме што како ќе се случува, вели Агим Бајрами, шеф на кабинет во Мж Транспорт

И единствениот пак воз од Скопје до Битола не сообраќа, поради проблем со локомотивата. Граѓаните останаа со само една линија.

Скопје- Велес е единтсвената релација на која граѓаните можат да патуваат со воз.

Од транспорт велат,  локомотивите се  сервисираат, но не знаат кога на возниот ред трите линии до Битола ќе бидат вратени.

-Локомотивите се стари, но се сервисираат, не знаеме точно кога,  но се прави се што е можно поскоро да се вратат овие линии, додава Бајрами.

Загубарот Транспорт веќе подолго време има финансиски проблеми.  Државата го зголеми влогот со нови 15 милиони евра, пари од граѓаните за да го спаси од банкрот.Од таму велат дека вратиле што должат во ЕСМ, но се уште не ги платите сметките за струја во ЕВН и Мепсо, кој изнесуваат околу 6 милиони евра.

Машиновозачите често одат на блокади, поради плати. Стопанството бара либерализација за да можат да работат. Железница годинава прослави 150 години, но наместо да оди напред е вратена децении назад. Иако, се споменуваше приватизација, за сега нема план за спас, освен што постојано се прави дотур на пари за да преживее.

Извор ТВ Телма, Ирена Чачкова 

Би можело да ве интересира

Масовна тепачка меѓу млади, опожарен мотоцикл, физички напад…

На Светскиот ден на здравството, 7 Април на протест излегуваат матичните лекари

Прилепчани фатени како крадат од здравствена установа во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе