27.5 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

Кај двајца прилепчани полицијата пронајде и одзеде фалсификувани пари

При сообраќајна контрола на полицијата од СВР Велес, лишила од слобода двајца прилепчани кај кои биле пронајдени фалсификувани евра:

На 06.10.2025 во 02:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес ги лишија од слобода А.У.(22) и М.Ј.(22), двајцата од Прилеп. На улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициските службеници извршиле контрола во патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал М.Ј., а сопатник бил А.У., при што кај А.У. се пронајдени и одземени девет банкноти од по 200 евра, за кои постојат основи на сомнение дека се фалсификат. Тие се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Вработен агресивно се однесувал кон директорот во училиште во Прилеп

До каде се градежните работи на Градски? (ВИДЕО)

Трагедија во пожар во прилепско Браилово

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе