Костадин Петкоски е дипломиран физиотерапевт на Медиционскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Млад човек, професионалец, со искуство во повеќе стручни дисциплини од областа на физиотерапијата. Млад човек со визија и амбиција медицинските вештини кои и досега ги практикувал, да ги применува во својот Центар за физиотерапија – Физио Петкоски.
И во ова време кога младите од Македонија најчество заминуваат во странство, Костадин започна со работа во Прилеп. Центарот за физиотерапија се наоѓа на ул. „Архиепископ Доситеј“ во Прилеп, Варошко маало. Довербата и успехот кој што ја стекнал од досегашното искуство работејќи со пациентите во земјава и странство ќе продолжи да ги надоградува во својата ординација опремена со потребните апарати.
„Живот без болка“ е основното мото кон кое се стреми овој млад физиотерапевт, а своето знаење и искуство го применува преку акупунктура, кинезитерапија, медицинска масажа, спортска масажа, електро терапија, вендузи терапија, киропрактика и хиџама.
Костадин Петкоски работел во Америка, во Хрватска, има понуда да замине во Шведска, но желбата е да твори, да работи и да дава свој придонес во родниот град Прилеп, во својата татковина. „Никаде не е како дома, најубаво е тука, во родниот град со своите луѓе,“ вели тој со позитивна мисла, енергија и сигурност во идејата за успех на професионален и приватен план низ разговорот во програмата „Радио што се гледа“ ден пред отворањето на Центарот за физикална терапија.
Центарот за физикална терапија „Физио Петкоски“ е отворен секој работен ден од 11 до 18 часот, за претходна консултација и договор контакт тел. од Костадин Петкоски е 071 816 298.