1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

Нема воз за Прилеп оти се расипала локомотивата, а министерот зборува за либерализација на железницата

Повторно нема воз за Прилеп . Поради расипана локомотива и денеска не сообраќа возот од Скопје за Битола, кој застанува во Прилеп, Велес и попатните станици. Локомотивата е расипана од минатиот понеделник, а кога по три дена штрајк, овој како и останитете возови, требаше повторно да сообраќаат, се расипа локомативата, информираат од „Македонски железници“.

Патниците од Велес, кои секојдневно патуваат на работа и на училиште во Скопје, се револтирани што го немаат овој воз кој многу им значи. Посебно револтирани се жителите од селата Богомила, Теово и Согле, на кои овој воз им е единствената врска до Велес, Скопје, Прилеп и Битола.

Од „Македонски железници“ за МИА информираат дека забрзано се работи на оспособување на локомотивата и очекуваат повторно да биде пуштена во сообраќај оваа среда или четврток.

Министерот за транспор ти врски , Благој Бочварски, на денешната средба во Прилеп , пак зборуваше за либерализација на железницата.Тој изрази незадоволство од работата на „Македонски железници и транспорт“ и истакна дека до пред две години Владата како субвенции исплаќала 6 до 7 милиони евра годишно за да реализира одреден број линии за патничкиот сообраќај. Минатата година Владата помогнала со 15 милиони евра, а годинава поддршката се очекува да биде околу 20 милиони евра.

-Апсолутно и граѓаните и Владата не сме задоволни и претрпријатието не ја врши работата. Токму поради тоа во Собранието е законот за либерализација на превозот и очекуваме по изгласувањето на овој закон, да им се отвораат вратите на други оператори од регионот, кои сакаат да оперираат по македонските железнички пруги“, рече Бочварски за состојбата во железничкиот сообраќај.

Министерот најави дека Владата ќе продолжи со изградбата на пругите кон Бугарија и со Меморандумот со Србија за предвидената линија Ниш-Скопје.

Би можело да ве интересира

Центар за јавно здравје Прилеп ќе спроведува есенска превентивна дератизација

Пела Редакција

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: со ваква централна власт, Европската унија е недостижна цел!

Пела Редакција

Општина Прилеп ќе обезбеди помош за населението погодено од земјотресот во Турција и Сирија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе