3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Тоше Проески-прва асоцијација за Крушево, град лидер по посети за алтернативен, спортски и еколошки туризам

Прва асоцијација за градот Крушево е Тоше Проевски (44%), потоа Илинденско востание (13%) и Мечкин Камен (11%). Сите останати асоцијации (Крушевска Република, природа и чист воздух, Црешово топче, Македониум, Скијање и планинарење, Параглајдерство и Крушевско Езеро) имаат учество пониско од 10%. Главни атракции кои најчесто се посетуваат во Крушево од домашните туристи се Мечкин камен, Куќата на Тоше Проевски и Македониумот со 74% – 78%, соодветно. Со понизок процент на посетеност се црквата „Св. Никола“ во центарот на градот (46%), Крушевското езеро (37%), жичарата (33%), планинските и шумските патеки (33%) и скијачките патеки (25%).

Околу 85% од вкупниот број туристи кои сакаат алтернативен, спортски, селски или еколошки туризам, го посетиле Крушево. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето направено на национален и локален репрезентативен примерок за Крушево во 2023 година. Главни причини за посета на Крушево се наведуваат рекреација (59%), одмор (27%), односно 21% поради одреден настан (случување). Останати причини поради кои домашните туристи го посетуваат Крушево (пријатели/фамилија, планинарење, за работа (службено), етно туризам, скијање и непланирана посета на поминување) учествуваат од 8% до 16%.

Една третина од испитаниците последен пат во Крушево биле пред 3 или повеќе од 3 години. Од останатите, 23% го посетиле Крушево во текот на оваа (2023) година, 21% во текот на претходната (2022) година и 15% пред 2 години. Само 5% одговориле дека не се сеќаваат кога го посетиле Крушево, односно посетата се случила многу одамна. Според локалното население, 46% од посетителите се домашни туристи и 35% се странски туристи. Високи 95% од локалното население сметаат дека Крушево може да привлекува туристи преку целата година. Како месеци со најниска посетеност од туристите се есенските и зимските месеци (октомври, ноември, јануари и февруари) и рана пролет (во текот на март и април). Како главни причини за ниската посетеност според локалното население е недостигот на програма/настани што би привлекле туристи, слабата промоција на градот, стандардот на домашните туристи и квалитетот на сместувачките капацитети.

Би можело да ве интересира

„За Сара„ да ја покажеме хуманоста

Елизабета Филипоска

Приведен крадец, одземеното вратено на сопственикот

Пела Редакција

Малолетно девојче со велосипед прегазено во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе