1.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

СЕЌАВАЊЕ: На денешен ден почина прилепскиот актер Дарко Дамески великанот на македонското глумиште

Дарко Дамески беше роден во Прилеп на 12 мај 1932 година ( 12 декември 1983 година) . Тој беше еден од најистакнатите македонски театарски, филмски и телевизиски актери.

Ликот на Дарко Дамески беше присутен и на малиот екран, почнувајќи од првите ТВ драми на ТВ Скопје, до речиси сите телевизиски серии и други позначајни емисии и проекти. Последните години од животот ги посветил на монодрамата преку која остварувал најширок контакт со публиката.

Дамевски својот прв филмски ангажман го забележува со епизодната улога во првиот македонски филм наречен “ФРОСИНА”. После неговиот доста успешен настап во овој прв македонски филм, тој настапува скоро во сите македонски филмови. Во повеќето од тие филмови има настапувано во главната улога, во споредна улога или пак како актер.

Волча ноќ,  Мис Стон, Црно семе, Денови на искушение, Македонска крвава свадба, Ароматично злато, Солунските атентатори, Најдолгиот пат, Исправи се, Делфина, Оловна бригада… и уште многу други филмски остварувања се редат во неговата богата филсмска кариера.  Како одличен актер има глумено и во неколку немакедонски филмови кои се снимени во нашите соседни земји.Некои од нив се следниве филмови: “ВОЛКОТ ОД ПРОКЛЕТИЕ” (UKA I BJESHKAVE TE NEMUNA) снимен во 1968 година во Приштина, потоа филмот “СОЛ” (SO) снимен во 1973 година во Сарајево, и филмот “ДОРОТЕЈ” (DOROTEJ) снимен во 1981 година во Белград.Сите овие филмови се од жанрот на играни филмови.
Како еден од македонските врвни актери Дамевски има освоено неколку позначајни награди и многу признанија.Од нив како позначајни можат да се издвојат специјалната награда за филмот “Планината на гневот” која ја има добиено во 1967-та година во Ниш.Како и наградата која претставува врв на неговиот филмски успев, наградата Златна арена која му била доделена на фестивал во Пула во 1971-та година.Потоа наградата Голема повелба за главна улога која му била доделена истата година за истиот филм во Ниш. Како и Републичката награда 11 Октомври која му била доделена во 1972-та година повторно за филмот “Црно Семе”.

Би можело да ве интересира

Две изложби во еден ден: изложба на семејството Вујисиќ и изложба на 20 уметници членови на ДЛУП

Елизабета Филипоска

Градската библиотека „Борка Талески“ чествува 1 век од раѓањето на патронот

Гордана Цветаноска

Вечерва, концерт на пијано„Сеќавања“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе