11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Само 4 одсто од граѓаните имаат пари да го поминат месецот, на 45 % квалитетот на животот им се влошил, а сиромаштијата и скапотијата пријавени како најголеми проблеми

Анкетите на  Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во изминатите неколку години станаа познати по тоа што откриваа голема разочараност на граѓаните од функционирањето на државата и од состојбите во општеството, како и силен песимизам за иднината. Тоа е случај и сега, веќе нема големи скокови во процентите што изразуваат безнадежност, како што имаше меѓу резултатите од претходните испитувања на јавното мислење. Спроведена во мај годинава на 1.204 испитаници укажува дека сиромаштијата и скапотијата граѓаните ги пријавеиле како најголеми проблеми. 

Процентот на испитаници што се изјасниле дека личната економска состојба им е многу добра не надминал 2% ( веќе трета анкета по ред).  Во февруари 2020, пред да почне корона-кризата, тоа го изјавиле 5% од прашаните граѓани, во март 2021 година, тој дел паднал на 3%, а од ноември 2021 се фиксира на 2%. Затоа, пак, процентот на тие што ја опишале својата состојба како многу лоша порасна од 11 на 21% во овие три и пол години.

Сличен пад има и во врска со прашањето „дали примањата на домаќинството се доволни за да се покријат месечните трошоци?„. Само 4%( проценти ) рекле дека примањата целосно им ги задоволуваат потребите, 31 % дека до некаде им стигнуваат пари да го покријат месецот, 35 % дека примањата им се не доволни, а 29 % дека воопшто не им се доволни.

Пред три и пол години, оние што рекле дека можат да го поминат месецот без финансиски проблеми бил 9 отсто, а тие во најтешката категорија биле 17 отсто. Тоа е еден од повеќето параметри според кои граѓаните чувствуваат дека економската состојба им се влошува, и нив лично, и, општо, во државата.

Речиси половина (45 проценти) рекле дека квалитетот на животот им се влошил.  Таа бројка изнесуваше 53 % во анкетата од октомври 2022. Сепак, овој пад не се должи на тоа дека повеќе луѓе пријавиле подобрување на личниот статус (тој процент е идентичен, 6 отсто), туку на тоа што поголем број овојпат изјавиле дека животниот стандард им останал ист.

Според анкетата на ИРИ (објавена во јули 2023)  сѐ уште повеќе од половина испитаници, односно 58 отсто, сметаат дека државата се движи во погрешен правец, а само 14 отсто рекле дека таа оди по вистинскиот пат. Над три четвртини рекле дека владата предводена од Димитар Ковачевски воопшто не е посветена или не е доволно посветена да ги реши најгорливите проблеми. И тука има само минимални разлики во однос на претходната анкета.

Би можело да ве интересира

Квалитет за Вашата безбедност – АВТО КОНТРОЛ ПРИЛЕП (ВИДЕО -ФОТО)

Гордана Цветаноска

Јубилејни 100 години успех на Прилепска Пиварница

Пела Редакција

Витаминка најголем изложувачи на саемот „Интерфуд 2019“ во Софија

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе