11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Уапсени двајца прилепчани за намерно опожарување возило

Полицијата лиши од слобода две лица од Прилеп за намерно опожарено возило. На 20.12.2023 полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп во координација со Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода В.Б.(34) и Д.М.(22) од Прилеп, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. Имено, на 19.12.2023 на ул.”Кире Базерко” во Прилеп, на барање на В.Б., Д.М. со запалива течност  предизвикал пожар на патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.М.(50) од Прилеп, за што добил пари од В.Б..  Со двајцата лишени од слобода извршени се службени разговори во полициска станица, при што тие го признале делото. Денеска (21.12.2023) до ОЈО Прилеп е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност” од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

ВНИМАТЕЛНО! Оштетени голем број граѓани – измамници подигнуваат брзи кредити користејќи туѓи идентитети

Гордана Цветаноска

Соопштение од денешниот состанок на Општинскиот штаб за управување со кризи

Гордана Цветаноска

Велосипедска трка Сава Мариово тур

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе