3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (65)

Пишува Зоран Момироски

  • СВЕТИ НИКОЛА ЗАШТИТНИКОТ НА ПРИЛЕП ТРАДИЦИОНАЛНО СЕ ОДБЕЛЕЖА СО КУЌНИТЕ И ГРАДСКАТА ЗАЕДНИЧКА СЛАВА СО ПОСНО ГРАВЧЕ САРМИЧКИ И СО РИБА. ИРЕНА ЈАКИМОВСКА И КОМФИ АНГЕЛ ОРГАНИЗИРАА ТОП ЗАЕДНИЧКА ПРОСЛАВА НАДОПОЛНЕТА СО КАЛИОПИ И ДРУГИ МУЗИЧКИ ГРУПИ. СЛАВАТА ПОМИНА. ЌЕ ПОМИНЕ И ДОЧЕКОТ НА НОВАТА ГОДИНА И ПРАВОСЛАВЕН БОЖИК. АМА ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ОСТАНАТ. НАЈМНОГУ ОНИЕ ПОВРЗАНИ СО ЕГЗИСТЕНЦИОНАЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ.  БИДЕЈЌИ НИКОЈ ОД ПОСЕРИОЗНИТЕ ПРИЛЕПСКИ КОМПАНИИ НЕ САКАЛ ДА ПРИФАТИ ДА БИДЕ ДОМАЌИН, БОКИО РЕШИЛ ДА НЕ ,,МОЛИ“ НИКОЈ И РЕШИЛ ОПШТИНАТА ДА БИДЕ ДО ГОДИНА ДОМАЌИН НА ГРАДСКАТА СЛАВА.

 

  • ПРЕМИЕРОТ ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ НА ИТНА ВНАТРЕПАРТИСКА ТРИБИНАТА ВО ГРАДОТ ЈА СОБРА ДРУЖИНАТА ОД ЦАКИО И ГИ ПОВТОРИ ВЛАДИНИТЕ МЕРКИ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА КРИЗА И НА СИРОМАШТИЈАТА КОЈА ,,УДИРА“ ВРЗ НАЈРАНЛИВАТА КАТЕГОРИЈА НА ГРАЃАНИ НЕ БАРЕМ ДОСЕГА НЕ СЕ КАЖАНИ. ПРОЦЕНКА БИЛО ДЕКА ПО ОВА ПРАШАЊЕ, ИМАЛО ГОЛЕМО НЕЗНАЕЊЕ И НАЧИН НА ПРЕЗЕНТИРАЊЕ. ОСОБЕНО КАЈ ОНИЕ КОИ ТРЕБА ПРЕДИЗБОРНО ДА ГИ ПОСЕТАТ ДОМОВИТЕ И ДА ИМ ОБЈАСНАТ НА ГЛАСАЧИТЕ ШТО ПРЕЗЕМА ВЛАДАТА НА ОВОЈ ПЛАН. ИНАКУ, ПОВТОРУВАЊЕТО Е САМО ДЕЛ ОД ПРЕДИЗБОРНАТА КАМПАЊА, НО НЕ И ДОЛГОРОЧНО РЕШАВАЊЕ НА ОВОЈ ГОРЛИВ ПРОБЛЕМ. ПЕНЗИОНЕРИТЕ, ОСОБЕНО ОНИЕ ОД ПРВА КАТЕГОРИЈА  И НАТАМУ БАРААТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА  5 000 ДЕНАРИ  ЗА ДА МОЖАТ ДА ГО ПРЕЖИВЕАТ МЕСЕЦОТ. ЗАСЕГА ВЕРБАЛНА ПОДДРШКА ИМААТ ОД НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА КОЈА ДО ВЧЕРА БАРАШЕ 61 АМА СЕГА ЗАБЕЛЕЖУВАМ НАМАЛИ НА 60 ПРАТЕНИЧКИ МАНДАТИ. ОД ДРУГИТЕ ПАРТИИ НЕКОИ ТИВКО ВЕТУВААТ, А  НЕКОИ  МОЛЧАТ, КАЛКУЛИРААТ И ТАКТИЗИРААТ. ИЗБОРИ СЕ БЛИЖАТ,  А БРОЈОТ НА ПЕНЗИОНЕРСКИОТ ГЛАС НЕ Е ЗА ПОТЦЕНУВАЊЕ, ОСОБЕНО ОТКАКО МЛАДИТЕ МАСОВНО СЕ ИСЕЛУВААТ.

 

  • ВО КОНТЕКСТ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ НАЈАКТИВНИТЕ ЧЛЕНОВИ ВО ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ ГИ ИЗВАДИЈА СВОИТЕ СУПЕР МОДЕРНИ КАЛКУЛАТОРИ. КОЈ КОЛКУ Е СПОСОБЕН И КОЈ КОЛКУ ЌЕ МОЖЕ ДА ОДГОВОРИ НА ПРЕДИЗВИКОТ ПРЕД НОВИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН СОСТАВ НИТУ НЕКОЈ МУ ЈА МИСЛИ, НИТУ НЕКОЈ САМОКРИТИЧКИ РАЗМИСЛУВА. ВАЖНО Е КАКО ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ПРАТЕНИЧКО СТОЛЧЕ, ДА СЕ ЗЕМА ПЛАТА И ДА СЕ ИЗИГРУВА ПОЛИТИЧАР. ВО ОО НА СДСМ ПРИЛЕП ЗАСЕГА ОФИЦИЈАЛНО И МУДРО МОЛЧАТ. СО ИМИЊА НЕ КАЛКУЛИРААТ. АНКЕТИ ЗА ВНАТРЕПАРТИСКИ РЕЈТИНЗИ НЕМА, АМА ТИ ИМАЛО ЗА НОСИТЕЛИ ВО ИЗБОРНИТЕ ЕДИНИЦИ. НЕ Е ЧУДО АКО НОСИТЕЛ ВО ЧЕТВРТАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА БИДЕ ДОСЕГАШНИОТ ПРАТЕНИК МИЛЕ ТАЛЕВСКИ. АКО МИКИО ОСТАНУВА, А МНОГУ МАЛКУ Е ВЕРОЈАТНО ДА ИМА ЖЕНСКИ ИМИЊА, ТОГАШ ОСТАНАТИТЕ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ БИДАТ МАЖИЊА АМА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ НЕЖНИ И МЛАДИ  ,,НАШИ МИЛЕНИЧИЊА“. ПРИТОА САКАМ ДА ПРАШАМ КАДЕ Е ЕДНАКВАТА ЗАСТАПЕНОСТ НА ЖЕНИТЕ.? А АМБИЦИИ ТИ ИМАЛО И КАЈ НИВ. КАЈ ЕДНА ,,АТРАКТИВНА“ СОВЕТНИЧКА ВО СОВЕТОТ НА ГРАДОТ И КАЈ, КАКО ШТО БИ РЕКОЛ НАШИОТ НАРОД, КАЈ ГЛАВАТА НА АФЕЖЕТО. ИСТА ПЕСНА, ИСТИ ГЛАС, СЕ ПЕЕ И ВО О.К.НА ВМРО ДПМНЕ. ЕДНА ДРУЖИНА ОКОЛУ ДЕКИО СИ СЕДНАЛЕ КАКО ОНАА НА „ТАЈНАТА“ ВЕЧЕРА. СИ НАПИШАЛЕ ОКОЛУ ОСУМ ЧЛЕНОВИ НА ПАРТИЈАТА СО ИМИЊА И ПРЕЗИМИЊА КОИ БИ БИЛЕ ЕВЕНТУАЛНИ КАНДИДАТИ ЗА ИДНИ ПАРЕТЕНИЦИ И ПРАТЕНИЧКИ ВО ЧЕТВРТАТА  ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ЌЕ БИДАТ СТАВЕНИ НА ПАРТИСКА АНКЕТА. ИСТО КАКО И ВО СДСМ АМБИЦИИ ПОКРАЈ ДЕКИО ТИ ИМАЛА МЕЃУ ДРУГИТЕ И ГЛАВАТА НА АФЕЖЕТО ОД ОВАА ПАРТИЈА. АМА ВО ОВАА ПАРТИЈА МИЦКО И НЕГОВИТЕ СОРАБОТНИЦИ ПОСЛЕДЕНИ ЌЕ ,,СЕЧАТ“ !!!

 

  • ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ОТКАКО „ПРЕУБАВО“ НОВОГОДИШНО ГО УКРАСИЈА ГРАДОТ ЗА 500.000 ДЕНАРИ СО ОНА ШТО ОСТАНАЛО ОД ВРЕМЕТО НА МАЦИО, СЕГА ЌЕ ОРГАНИЗИРАЛЕ ТРИДНЕВЕН ПРЕДНОВОГОДИШЕН ПАНАЃУР ОКОЛУ ГРАДСКИОТ СААТ ВО СТАРАТА ПРИЛЕПСКА ЧАРШИЈА. ЗА НОВОГОДИШНИОТ БАЗАР ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ВЕЛИ:ЗА ПРВ ПАТ ОРГАНИЗИРАМЕ НОВОГОДИШЕН БАЗАР. МУ ФАЛЕШЕ УШТЕ ДА ЈА  КАЖЕ ОНАА ПОЗНАТА ФЛОСКУЛА ,,КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА ВО ПОСЛЕДНИВЕ 40 ГОДИНИ“. ПА ПОТОА БОКИО ВЕЛИ ОВА НОВОГОДИШНИОВ ПАЗАР МЕЃУДРУГОТО ЌЕ БИДЕ ОДЛИЧНА МОЖНОСТ ЗА МУЗИКА И ЗА РАСПОЛОЖЕНИЕ. А НАШИТЕ ГРАЃАНИ И МАЛИТЕ ДЕЦА ЌЕ ИМААТ МОЖНОСТ ДА УЖИВААТ ВО НОВИ ТОЧКИ, ВО ГРЕАНО ВИНО, РАКИЈА, ГАСТРОНОМСКИ СПЕЦИЈАЛИТЕТИ И ВО МНОГУ ДРУГИ НЕШТА. ГО СЛУШАМ БОКИ И СИ ВЕЛАМ: АЈДЕ ТОА ШТО МАЛИВЕ ДЕЦА ЌЕ УЖИВААТ ВО НОВИТЕ ТОЧКИ. АЈДЕ ТОА ШТО НЕМА ЗАПИРКИ, ИЗВИЧНИЦИ И ПРАШАЛНИЦИ, АМА ОВА СО ВИНОВО И РАКИЈАВА ДА НЕ Е ПРЕМНОГУ!!!

 

  • КОГА СУМ КАЈ БОКИО ОСОБЕНО ВНИМАНИЕ МИ ПРЕДИЗВИКА ЕДЕН ФБ СТАТУС ОТКАКО ИЗЛЕЗЕ ВО ЈАВНОСТА НЕГИОВ ПОТПИС ВРЗ ПОТПИСОТ ОД ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ МУЦЕТО НА РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОК ЗА 2023 ГОДИНА. ДАНОК ПОРАДИ НОВИТЕ ПРОЦЕНКИ НА ВРЕДНОСТА НА ИМОТОТ ЗГОЛЕМЕНИ НЕКАДЕ ЗА 100, А НЕКАДЕ ЗА 300 ПОСТО. ЛИЧНО САКАМ ДА ВЕРУВАМ ДЕКА ОВА Е НЕКАКОВ  НЕНАМЕРЕН ПРОПУСТ. ИЛИ ТЕХНИЧКА, ДА НЕ РЕЧАМ ПЛАТЕНА ГРЕШКА. АМА ВЕРУВАМ ДЕКА ОВА ИЗЛЕГЛО ТОЛКУ НЕВКУСНО ШТО ВО ПОЗАДИНА ЈА ОТСЛИКУВА ,,СКРИЕНАТА“ ВИСТИНА НА ОБЈЕКТИВНИТЕ СОСТОЈБИ И РЕЛАЦИИ МЕЃУ ДВАЈЦАТА ДОКТОРИ ОРТОПЕДИ, МЕЃУ МЕНТОРОТ И УЧЕНИКОТ И МЕЃУ ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МУЦЕТО И СЕГАШНИОТ БОКИО. ВО ТОЈ ФБ ПОСТ МЕЃУДРУГОТО СТОИ: ВРЗАНИ ПОТПИСИ ГИПС КОАЛИЦИЈА!!! ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА ЉУБОВНО АРАМИСКАТА КОАЛИЦИЈА ПРЕИМЕНУВАНА ВО ГИПС ФАЗА СО ОГЛЕД НА ТОА ДЕКА  ДЕЛ ОД ПРИЛЕПЧАНИ ДЕНОВИВЕ ГО ПРИМИЈА АРАЧ ФЕРМАНОТ СО ВРЗАН ПОТПИС МЕЃУ МЕНТОРОТ И УЧЕНИКОТ. УЧЕНИКОТ БОРЧЕ СВОЕРАЧНО ГО ЈАВНАЛ ПОТПИСОТ НА МЕНТОРОТ МУЦЕТО И ТАКА ЈА ОВЕКОВЕЧИЛ ВАЗАЛСКО ПРЕДАВНИЧКАТА УЈДУРМА БАНДАТА УЈДИСАНА ДА ГО ДОКРАЈЧИ ПРИЛЕП И ПРИЛЕПЧАНИ. АМА ТУКА ТИ БИЛ И ОКРУГЛИОТ ОПШТИНСКИ ПЕЧАТ СО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА!!!! АЈДЕ ОВА СО ПОТПИСИВЕ ДОНЕКАДЕ ГО РАЗБИРАМ. АМА ОВА СО ОКРУГЛИОВ ПЕЧАТ ВООПШТО НЕ МИ Е ЈАСНО. ЗАТОА ГО ПРАШУВАМ  И МУ УКАЖУВАМ НА АВТОРОТ НА ОВОЈ ФБ ПОСТ: ПА И ТОЈ Е ВРЗАН КАКО И ПОТПИСИТЕ. ГИ ЗАДОВОЛУВА ДВЕТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТРАНИ. И ШТО Е ТОЛКУ ЧУДНО?!

 

  • Е КОГА СМЕ КАЈ СЕГАШНАТА И МИНАТАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ. И НА ЕДНИТЕ И НА ДРУГИТЕ И ОД ОВАА ,,ГИПС КОАЛИЦИЈА“ СОСЕМА Е ТОЧНО ДЕКА  НА ВРАТ ИМ ВИСИ ЗАВРШЕНИОТ ФИНАНСИСКИ РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАЈ ОД ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА. МОЛЧИ СДСМ ОТИ РЕВИЗОРИТЕ  УТВРДИЛЕ ЗЛОУПОТРЕБА ОД СТРАНА НА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ МУЦЕТО. И ТОА ВО НАЈГОЛЕМ  ДЕЛ, КАДЕ ПРЕД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, ТОГАШ ОПОЗИЦИОНАТА ВМРО ДПМНЕ, СЕКОЈ ВТОР ДЕН ВИКАШЕ УКАШЕ КУКАШЕ И НАЈАВУВАШЕ РАСЧИСТУВАЊЕ СО ОВОЈ СОМНИТЕЛЕН КРИМИНАЛ. АМА ПОМИНА ДОЖДОТ, ПОМИНА И ПОТРЕБАТА ОД ЧАДОРОТ. ДВЕ ГОДИНИ ИСТИТЕ ТИЕ ШТО ВРИШТЕЈА И ПИШТЕЈА ТОГАШ, СЕГА ГЛАС МУ НЕМА. МАМАРА МОЛЧАТ!!! ВО ИНТЕРЕС НА БРАТСКАТА ЉУБОВ МОЛЧИ  И ВМРО ДПМНЕ  ОТИ НАВОДНО ИМАЛО ПОГОЛЕМИ ЗЛОУПОТРЕБИ ОД БОКИО. СИ МОЛЧАТ СИ КРЦКААТ И СИ СЕ ДОГОВОРААТ. ОТИ ИЗБОРИ ИДАТ. АРНО АМА ЕСАПОВ ПО СЕ’ ИЗГЛЕДА ЌЕ МУ ГО ИЗМЕША МВР. ИНСПЕКТОРИТЕ ДОБИЛЕ НАСОКИ. НАСОКИ ДОБИЛЕ И ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО. ЌЕ ТРЕСАТ ПО ОВОЈ РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАЈ И ПО СЕКОЈА ЗАПИРКА И ПО СЕКОЈА ТОЧКА. ЗАСЕГА КОЛКУ ШТО ЈАС СУМ ВО ТЕК СО ОВАА ПОСТАПКА НЕМАЛО НИКАКВА РЕАКЦИЈА ИЛИ ИНТЕРЕС ЗА ИНТЕРВЕНЦИЈА НИТУ ОД СДСМ НИТУ ОД ВМРО ДПМНЕ. КАКО БИ ИМАЛО, КОГА МИНАТАТА НЕДЕЛА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА АГЕЛЕР МАЛКУ ПОСИЛНО ПОДВИКНА ОКОЛУ КОРУПЦИЈАТА, ОКОЛУ ОБВИНИТЕЛСТВОТО, А БОГАМИ И ПО СУДСКИОТ СОВЕТ И ПО ,,ЧЕСНИТЕ“ СУДИИ.

 

  • ,,НАЈДИМЕ,, ОРГ. МК. Е НОВА ВЕБ СТРАНА ОТВОРЕНА ОД НЕВЛАДИНАТА ,,НОВИНАРИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“. ПРОЕКТОТ Е РЕАЛИЗИРАН ВЕДНАШ ПО СЛУЧАЈОТ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО И МОНСТРУОЗНОТО УБИСТВО НА 14 ГОДИНАШНАТА ВАЊА. ВО ОВОЈ ПРОЕКТ ВЕДНАШ СЕ ВКЛУЧИЈА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, МИНИСТЕРСТВАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И ЗДРАВСТВО, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА И АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРИСТАП НА ПОДАТОЦИ. НО И СО ЕВРОПСКАТА МРЕЖА ,,АМБЕР АЛЕТ“ ОСТАВЕНО Е НА СЛОБОДЕН ИЗБОР КОЛКУ ВО ОВОЈ ПРОЕКТ ЌЕ СЕ ВКЛУЧАТ И ЕЛЕКТРОНСКИТЕ И ПЕЧАТЕНИ МЕДИУМИ И ПОРТАЛИ. НО СЕ ВЕРУВА ДЕКА СТАНУВА ЗБОР ЗА СЕНЗИТИВЕН ПРОЕКТ И БРЗО ЌЕ СЕ ВКЛУЧАТ НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ. КОНЕЧНО И НАМ НИ ПАДНА НА ПАМЕТ НЕШТО ПАМЕТНО ДА НАПРАВИМЕ. ДА НАПРАВИМЕ И ТОА ЕКСПРЕСНО БРЗО. ВО ИНТЕРЕС НА ХУМАНОТО И КОРИСНО ДОБРО. ЗНАЧИ МОЖЕ БЕЗ ,,ПОСТОЈ- ПОЧЕКАЈ “. АМА ПРВО ТРЕБА ДА СЕ СЛУЧИ НАЈМОСТРУОЗНОТО НАЈГНАСНОТО, ПА ДА НИ СЕ ,,ЗАПАЛИ СИЈАЛИЧКАТА“ ДЕКА СТАНУВАМЕ ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ КОИ НОСАТ РЕВОЛТ И ГОЛЕМА ГОРЧИНА ВО ДУШИТЕ НА ЛУЃЕТО.

Би можело да ве интересира

Проданоски: На 8-ми мај мора победата да биде уште поголема – победата нека биде двојна

Елизабета Филипоска

Транспарентно Крушево- седниците на Советот се пренесуваат во живо

Гордана Цветаноска

Нови 2 случаи позитивни на Ковид 19, затворена текстилна фабрика

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе