11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО)Станкоски: откупните компании да не манипулираат со тутунарите со нелегитимни известувања

Досега, од почетокот на откупот на 15 ти декември до Државниот инспекторат за земјоделство немало никакви пријави од страна на тутунарите за неправилности во работата на откупните компании, вели Јане Станкоски директор на оваа институција задолжена за следење на тутунскиот откуп. Сите регистрирани откупни пунктови и ваги се отворени за преземање на реколтата. Од почетокот до сега биле откупени околу 500 тони тутун. Станкоски апелира до откупните компании да не манипулираат со тутунарите со известување кое нема никаква правна основа.

– Има законска можност да се зголемат цените со анекси на договорите.  Откупните компании да не манипулираат со тутунарите да го предаваат тутунот, а потоа доколку има зголемување на цените дека ќе прават доплата со разликата во цената, посочува Станкоски појаснувајќи дека Законот е дециден во тој дел бидејќи е потребно да се изготват анекси на договорите доколку има зголемување на цените.

Станкоски се надева дека ќе се интензивира откупот на тутунот. Во однос на изјавата на премиерот Ковачевски дека државата обезбедила 26 милиони евра за субвенции за тутун еако се знае дека реално за откуп се 13 милиони кгр, Станкоски посочи дека не сака да ја коментира изјавата, иако добро би било државата да даде свој дополнителен придонес за зачувување на тутунопроизводството.

Би можело да ве интересира

Два часа блокада на регионалниот пат Прилеп -Витолиште поради негрижа за Мариово

Пела Редакција

Прилеп: 40 новозаразени, двајца починаа од последици на Ковид

Гордана Цветаноска

ВНИМАТЕЛНО: Магла го попречува движењето на сообрајќајот – Прилеп во магла два дена

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе