11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Уште една хуманитарна акција на учениците и вработените од СОУ „Орде Чопела“

Новогодишните и божиќните празници се период на дарување, на споделување радост и љубов кон помладите, кон децата, но и кон повозрасните. Учениците и вработените од СОУ „Орде Чопела“ деновиве реализираа хуманитарна донаторска акција за децата од Центарот за лица со церебрална парализа и Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“ при што подарија пригодни подароци. Овој средношколски центар како образовна институција редовно иницира и реализира хуманитарни акции, се’ со цел да поттикне кај учениците чувство на хуманост, на солидарност, на човекољубие.

Ние вработените во СОУ „Орде Чопела„ како образовна институција секојдневно ги поучуваме младите на хуманоста како висока опшествена вредност. Секоја година традиционално имаме по неколку настани, панаѓури (новогодишни, велигденски..), хуманитарни концерти и други манифестации со кои собираме средства за социјално загрозени лица, болни и останати таргет групи. Оваа година повторно пред престојните празници решивме да ги израдуваме децата од „Центарот за лица  болни од цребрална парализа“ . Во текот на вчерашниот ден остваривме пригодна посета со ученици и наставници од нашето училиште.

За таа цел учениците очна оптика со нивната професорка по практична работа како и секоја година и оваа трудољубиво изработија комплетно наочари (стакла и рамки)  за сите, а учениците од пекарата приготвија новогодишни колачиња. Ученици пак од втора година доброволно приготвија креативни колетчиња. Денес ќе го посетиме и „Дневниот центар за деца со посебни потреби“ за кои исто се изработени  нaочари и пригодни колачиња од наша страна, а во текот на денот во училиштето ќе се одвива Новогодишен панаѓур со интерни изработки од кој средствата ќе одат за хумани цели како и секогаш.

Пораката ни е: “Да се помага, да се прават добри дела во секој момент”, зашто „Раката што дава не се суши“, а барем ако ништо друго, ќе измами насмевка на нечие лице. Голема благодарност до “Оптика Theia” за сесрдната соработка и овој пат“ вели Тереза Злетеска директор на СОУ „Орде Чопела.

И во двата центри при посетата на дел од вработените и учениците од училиштето се одржаа пригодни празнични програми за дружење и споделување на радост.

Би можело да ве интересира

„Комуналците“ се пофалија со чистењето на Градската река

Гордана Цветаноска

Нема да се гради сообрајќаен кружен тек кај Табана- ќе има нова градинка за деца од предшколска возраст

Елизабета Филипоска

Утре движење низ Прилеп само со маски

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе