2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Советниците од ВМРО ДПМНЕ: За одлуката за цената на водата централната власт намерно ги насочуваат граѓните да тропаат на погрешна врата

Во врска со изјавата на директорот на ЈКП Водовод и Каналиција за покачување на цената на водата за близу 34%  во псимена реакција , советниците  при Советот на Општина Прилеп од советичката група на ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери  и Претседателот на Советот на општина Прилеп, тврдат  дека централната власт намерно создава проблеми за кои граѓаните ги насочува да тропаат на погрешна врата.  Во писмената реакција од Претседателот на Совет и советниците од редот на ВМРО-ДПМНЕ се вели :

Централната власт не само што не работи во интерес на Прилеп и прилепчани, и општините во кои владее ВМРО-ДПМНЕ, туку напротив, намерно создава проблеми за кои граѓаните ги насочува да тропаат на погрешна врата. Граѓаните со право се револтирани, но треба да знаат дека поскапувањето на цената на водата е по одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, а не по одлука на ЈКП Водовод и канализација или Советот на општина Прилеп.  Најверојатно ваквата одлука на регулаторна се должи поради отежнатата работа на претпријатијата во услови на светска економска и енергетска криза, со поскапена струја, рептоматеријали, горива и реагенси.
Советниците од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и јас како претседател на Совет, ќе сториме  што е во наша можност за оваа одлука на Регулаторна комисија за покачување на цената на водата, да не се ефектуира и да не предизвика штета по џебот на прилепчани. Сме работеле и ќе продолжиме да работиме строго во интерес на сите наши сограѓани без исклучок!
Ваквите механизми со кои власта во заминување се обидува да им наштети на прилепчани со цел да ја оцрни локалната власт и да го подобри сопствениот очаен рејтинг нема да поминат!

Би можело да ве интересира

Ристески пред српските градоначалници: Транспарентноста и отчетноста е успех за локално владеење

Пела Редакција

ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Министерката за култура ниту од култура не се сретна со градоначалникот!

ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп со повик до градоначалникот Јованоски!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе