11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Проданоски: Во 2024 та да покажеме вистинска љубов кон татковината!!!

Новата 2024 та година буди нови очекувања, нова надеж и предизвици, посочува Дејан Проданоски претседател на Советот на Општина Прилеп во своето празнично обраќање кое го објавуваме во целост:

Годината која помина, беше година во која секој од нас, се соочи со предизвиците на новото време и светската економска криза, година во која високата инфлација, скапата електрична енергија и  поскапите  производи, особено се почувствуваа во Република Македонија.

Доаѓањето на новата 2024-та година, буди нови очекувања и надежи за посреќна, поубава и по просперитетна иднина. Годината која доаѓа да биде година во исполнување на вашите желби, како на личен така и на професионален план. Во овие мигови кога ја чувствуваме новата надеж, да се потсетиме на основните човечки вредности,  за тоа дека треба да бидеме хумани, да бидеме солидарни, да бидеме чесни и праведни, да се  почитуваме и да си простуваме еден на друг.

Да бидеме одговорни и сите заедно со заеднички придонес да продолжиме да градиме просперитетно општество за нас и за генерациите кои доаѓаат по нас. Само на таков начин, кога со чиста намера и кога несебично секој од нас би се вложил за доброто на сите, ќе покажеме вистинска љубов кон татковината. Во новата година и празничните денови кои доаѓаат ви посакувам многу здравје, љубов, радост и хармонија во вашите домови. Среќна нова 2024-та година!“, стои во празничната порака на Дејан Проданоски, претседател на Советот на Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

Првороденото дете во 2024 во Прилеп е женско

Елизабета Филипоска

Поради свлечиште во прекин сообраќајот меѓу селата Стровија и Гостиражни, долненско

Гордана Цветаноска

110 години од смртта на Атанас Бадев

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе