1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Нови давачки во новата година

Поскапуваат цигарите. Согласно измените на Законот за акцизите усвоени во октомври лани, цигарите, пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари ќе поскапуваат секоја година на 1 јануари. Цигарите ќе поскапат за 5 денари по кутија, а Владата очекува да има зголемување на приходите во буџетот за околу 13 милиони евра годишно.

Се симнува границата за плаќање на стоки и услуги во готовина. Од денеска, во кеш ќе може да се плаќа најмногу до 2.000 евра. Ограничувањето се однесува на плаќање што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги, доколку со друг закон не е поинаку уредено. Забраната не се однесува на приредувачите на игри на среќа.

За прилепчани цената на водата ќе биде повисока за 33%, во новата година.

Со измените на Законот за буџет, кои стапуваат во сила годинава, сите министерства, јавни претпријатија и сите друштва кои се во државна сопственост, ќе може да вработуваат без да добијат согласност од Министерството за финансии. Раководителите на државните буџетски институции сами ќе одлучуваат за новите вработувања во согласност со годишниот финансиски план и прегледот за вработувања. На овој начин, според Министерството за финасии, се децентрализира вработувањето во јавниот сектор, но и секој директор ќе одговара кривично доколку вработи некој без притоа да има пари за ново вработување.

Би можело да ве интересира

Општина Прилеп бара воздушна поддршка за спасување од пожарите

Елизабета Филипоска

Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО) ВОДАТА ПОСКАПУВА ЗА 33 ОТСТО, УШТЕ СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА ТРЕБА ДА ЈА ПОТВРДИ ОДЛУКАТА

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе