7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп 18 ти пат домаќин на Божиќен ручек во организација на Детската амбасада за сите деца во светот

И годинава во организација на Детската Амбасада за сите деца во светот, по 18-ти пат во Прилеп, над 400 деца ќе се дружат на свечен Божиќен ручек и ќе го прослават Христовото раѓање. Целта е да се промовираат хуманистичките вредности еднаквоста, љубовта и мирот помеѓу децата. И на  оваа Божиќна трпеза заедно ќе се дружат деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно ќе го празнуваат еден од најголемите христијански празници – Христовото раѓање.

„Детската амбасада за сите деца во светот ќе го реализира својот 18 ти „Божиќен ручек“ за децата од различни целни групи, а целта е како во изминатите години да се даде на знаење дека децата се едно, децата се само деца. Во изминатите години факт е дека со самиот овој настан на децата од сите краеви на нашата држава, децата се социјализираат и почитуваат помеѓу себе, без разлика на која целна група припаѓаат. Учество земаат деца од различна верска исповед, кои говорат различен мајчин јазик, од различен пол, децата кои на овој настан се чувствуваат деца, далеку од сите социјални и економски состојби,“ посочуваат организаторите.

На заедничкиот Божиќен ручек кој ќе се одржи на 7 ми јануари, првиот ден на Божик, Детската амбасада за сите деца во светот го доделува најпрестижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ.

Би можело да ве интересира

Асфалтиран патот од с. Волково до манастирот Св. Никола- ИПА средства за проширување на патот Дреново – Прилеп

Елизабета Филипоска

Поскапуваат услугите и на ЈКП Водовод и канализација Прилеп

Гордана Цветаноска

Шеќеринска, Сугарески, шефот на Централниот кризен штаб, Османи денеска во посeта на Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе