11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (67)

Пишува Зоран Момироски

  • НОВОГОДИШНАТА НОЌ БИ И ПОМИНА. ПО 20 ГОДИНИ ПРИЛЕП ЈА ДОЧЕКА БЕЗ ОРГАНИЗИРАН ЗАЕДНИЧКИ ДОЧЕК НА ПЛОШТАД, БЕЗ ЗАБАВА И БЕЗ СПЕКТАКУЛАРНИ И ДОЛГОТРАЈНИ ОГНОМЕТИ. ВО ИЗМИНАТИТЕ ГОДИНИ ПРИЛЕП БЕШЕ ПРИМЕР ЗА НОВОГОДИШНА ПРОСЛАВА ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ. ДОАЃАА ЗАЕДНО ДА СЛАВИМЕ И ДА СЕ РАДУВАМЕ И БИТОЛЧАНИ И КАВАДАРЧАНИ И КРУШЕВЧАНИ. МНОГУМИНА ГОДИНАВА ОТИДОА ДА СЛАВАТ И ПРОСЛАВУВААТ ВО БИТОЛА. БИТОЛСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК Е ДОКТОР, ИСТО КАКО НАШИОВ. НЕ Е ДО ПРОФЕСИЈАТА ТУКУ ДО ЗНАЕЊЕ, ЧУВСТВО И ОДГОВОРНОСТ КОН СВОЈОТ ГРАД И КОН СВОИТЕ СОГРАЃАНИ. ПРИЛЕП НЕ ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ ФРЛЕН ВО ТЕМНИНА, ВО ПУСТОШ И ТИШИНА. КАКО ,,ЛЕПРА“  ДА ГО ИМА ФАТЕНО. ПОРАКИТЕ  НА ФБ ПРОФИЛИТЕ УПАТЕНИ ДО БОКИОТ БИ ТРЕБАЛО НЕКАКО ДА ДОПРАТ ДО НЕГО И ДО НЕГОВИТЕ ОД НЕГОВОТО КАБИНЕТСКО ОПКРУЖУВАЊЕ ДЕКА ВАКА НАТАМУ НЕ МОЖЕ: ЛУЃЕ НЕМА ДА ОСТАНАТ. ЌЕ ИМА КУЧИЊА СКИТНИЦИ ОНАКА КАКО ШТО И САМО ТИЕ ОСТАНАА ВО ВЕЧЕРНИТЕ ЧАСОВИ ВО ПРИЛЕПСКАТА СТАРА ЧАРШИЈА И НА ПРИЛЕПСКИОТ ПЛОШТАД. ТАЖНО АМА ВИСТИНИТО. МОЖЕШЕ ДА СЕ ОРГАНИЗИРА СО МИНИМАЛНИ СРЕДСТВА. ДА ИМА ПАРИ И ЗА ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ И ЗА ОРГАНИЗИРАНА ГРАДСКА ПРОСЛАВА. ПРОСЛАВА, НА КОЈА ЌЕ БИДАТ ГРАЃАНИ, КОИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ НОВОГОДИШНИ ПАТУВАЊА ВО ДРЖАВАВА И СТРАНСТВО. ОВДЕ НЕ Е РАБОТАТА ДАЛИ И КОЛКУ ИМА СРЕДСТВА ОД ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ. ОВДЕ Е ПРАШАЊЕТО: МОЖЕШ ИЛИ НЕ МОЖЕШ?!? ЗНАЕШ ИЛИ НЕ ЗНАЕШ?!?

 

 

  • ПРЕД НОВА ГОДИНА ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ВО СВОЕТО ОБРАЌАЊЕ ЈА ЧЕСТИТА НОВАТА ГОДИНА. ВО СВОЈ СТИЛ ,,ИМ ФРЛИ“  МАГЛА НА ГРАЃАНИТЕ КАКО ИТАР ПЕЈО КОГА ГИ УБЕДУВАЛ МАРИОВЦИТЕ ДЕКА МАГЛАТА Е ВОЛНА. СО РАДОСТ, СО СРЕЌА, СО НАСМЕВКИ НА ЛИЦЕТО СЕ ФАЛИ ЧОВЕКОТ ДЕКА ОД ДОЛГОТ ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА НАСЛЕДЕНИ ОД НЕГОВИОТ МЕНТОР И ПРЕТХОДНИК ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ МУЦЕТО ВРАТИЛ 4 МИЛИОНИ И 200 ИЛЈАДИ ЕВРА. АМА ТОА ГО НАПРАВИЛ СО ОДГОВОРНО И ДОМАЌИНСКО РАБОТЕЊЕ И ДЕКА ОД ТОЈ ДОЛГ ЗА ВРАЌАЊЕ ОСТАНАЛЕ УШТЕ 800.000 ЕВРА. ИСКРЕНО, ПОВЕРУВАВ ВО ОВАА ,,ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА“ И СИ РЕКОВ: БРАВО, БОКИ! МОЖИ ГИ ПРЕСПА ОВИЕ ДВЕ И КУСУР ГОДИНИ, АМА ЕТЕ, БАРЕМ ПАРИ СИ ВРАТИЛ. ОТИ КАКО НАРОДОТ ВЕЛИ: ТЕШКО ГЛАВА СЕ КРЕВА АКО НЕ ДАЈ БОЖЕ АРАМИЈА ТИ ВЛЕЗЕ ВО ДОМОТ И ТИ ОПЉАЧКА НЕШТО ШТО СО РАБОТА И ТРУД СИ ГО ПЕЧАЛЕЛ. РАЗГОВАРАМ СО ЕДЕН ОД ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ЕПТЕН УПАТЕН ВО ОВАА ПРОБЛЕМАТИКА И МИ ВЕЛИ: ЕПТЕН ГО ИСПОФАЛИ БОКИ. ПРАШАВ ШТО ИМА ЛОШО ВО ТОА АКО ЧОВЕКОТ ДОБРО ЈА ЗАВРШИЛ РАБОТАТА. А ТОЈ МЕНЕ: ТАКА Е АМА НЕ Е ТАКА. ТОЧНО Е ДЕКА ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА ,,СОМНИТЕЛЕН“ ДОЛГ ОД МУЦЕТО, ОСТАВЕН ВО ЧЕТИРИТЕ ГОДИНИ ОСТАНАТИ СЕ 800.000 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ВРАЌАЊЕ. АМА БОКИО ЈАВНО НЕ КАЖУВА ДЕКА ПО ОСНОВ НА ДОСПЕАНИ ОБВРСКИ НЕМА ПЛАТЕНО 3 МИЛИОНИ ЕВРА. ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ОВОЈ, ЗА 4 ГОДИНИ НЕ Е ЧУДО ОПШТИНАТА ДА ЈА ОСТАВИ ВО ДОЛГ СО 6 МИЛИОНИ ЕВРА. ПРЕМОЛЧИВ И СО УМОТ СИ РЕКОВ: ОРТОПЕДСКО-ТРАУМАТОЛОШКА ОПЕРАЦИЈА. КАКОВ МАЈСТОР ТАКОВ КАЛФА!!! СЕКОЈ КОМЕНТАР ПОНАТАМУ Е ИЗЛИШЕН.

 

  • СОВЕТОТ ЗА ОВАА ГОДИНА УСВОИ РЕКОРДНО ВИСОК БУЏЕТ. БЛИЗУ 29 МИЛИОНИ И 500 ИЛЈАДИ ЕВРА. ЧИСТИ ОПШТИНСКИ ПАРИ СЕ ОКОЛУ 8 МИЛИОНИ И 500 ИЛЈАДИ ЕВРА, ОСТАНАТИТЕ СЕ ВЛАДИНИ БЛОК ДОТАЦИИ И ПОДДРШКА НА ПРОЕКТИ. И ОВА ЗА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ БИ БИЛЕ СОСЕМА ДОВОЛНИ СРЕДСТВА ЗА ДА СЕ НАПРАВИ ВИСТИНСКИ БУМ, АМА БЕЗ ДУМ ВО ПРИЛЕП. ВЕСЕЛАТА МАТЕМАТИКА ВЕЛИ ДЕКА ПО ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ДАНОКОТ НА ИМОТ ОД 100 ДО 300 НАСТО, СО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА И ОД ДРУГ ПРИЛИВ НА СРЕДСТВА, БУЏЕТОТ НЕ САМО ШТО ФИНАНСИСКИ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА, ТУКУ СЕ ШТО Е ВЕТЕНО ВО ИЗБОРНАТА ПРОГРАМА НА БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ СЕ’ ЌЕ БИДЕ ИСПОЛНЕТО. ОДНОСНО, ТОА ШТО Е ПРОПУШТЕНО ВО ОВИЕ ДВЕ ГОДИНИ, ГОДИНАВА ,,ЕКСПРЕСНО“ СО ЈАПОНСКА ТОЧНОСТ И ПРЕЦИЗНОСТ ЌЕ БИДЕ ИСПОЛНЕТО. ТОЛКУ БОКИ ЌЕ БИДЕ ЗАФАТЕН ШТО МУ НАЛОЖИЛ НА ДЕКИО  ПО СЕКОЈ ЦЕНА ДА СЕ ДОНЕСЕ И ИЗГЛАСА НОВА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА СОВЕТОТ. СПОРЕД НЕА, НАМЕСТО НА СЕКОЈА СЕДНИЦА, СОВЕТНИК ДОБИВА ПРАВО СО ПРАШАЊЕ ИЛИ ЗАБЕЛЕШКА ДА МУ СЕ ОБРАТИ НА БОКИ САМО ЕДНАШ НА ТРИ МЕСЕЦИ. БРАВО!!! ТАКА ТРЕБА!!! НЕ МОЖЕ БРЕ ГОСПОДА СОВЕТНИЦИ – КАКО ЌЕ ВИ ТЕКНЕ ВАС ДА ГО ,,ВОЗНЕМИРУВАТЕ“ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ!!! И ПОСЛЕ ЗОШТО НЕ РАБОТЕЛ!? КАКО ДА РАБОТИ КОГА ГО ВОЗНЕМИРУВАТЕ СО ПРАШАЊА И БАРАТЕ ОДГГОВОРИ!

 

  • ВО НЕГОВ ПОЗНАТ СТИЛ СО ЕПТЕН ,,ВЕСЕЛА И МЕНАЏЕРСКА„ МАТЕМАТИКА И НАЈБЛИСКИОТ ДРУГАР, ПОНЕКОГАШ И ЛИЧЕН ШОФЕР НА БОКИО,  ДИРЕКТОРОТ НА ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ИГОР ГУЛАБОСКИ МУ ЈА ЧЕСТИ НОВА ГОДИНИ НА ПРИЛЕПЧАНИ. ПЛАЧКОТО ОД ГОДИВЉЕ, КАКО ШТО ЈАС ПОВРЕМЕНО СИ ГО НАРЕКУВАМ  (ОТИ ТОЈ МЕНЕ МЕ НАРЕКУВА РЕКЕТАР) НАЈАВИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ВОДАТА ВО НОВАВА 2024 ГОДИНА. НИ ПОВЕЌЕ, НИ ПОМАЛКУ САМО 33,9 ОДСТО. ОВА Е ВТОРО ЗГОЛЕМУВАЊЕ ОТКАКО ТОЈ СО БОКИ ,,ТАНЦУВААТ“ ВО ПРИЛЕП. А, ПРЕДИЗБОРНО ВЕТУВАА И ЛАЖЕА НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ВОДАТА. ПОГОЛЕМО ,,РЕКЕТАРСТВО“ ОД ОВА АМИН! НО, СЕГА ГУЛАПЧЕТО ИЗЛЕГУВА СО ТЕЗА ДЕКА РЕГУЛАТОРНА ДАЛА ,,АМИН“ ЗА ДА НЕ СЕ СООЧИ ПАК СО ФИНАНСИСКИ ПРОБЛЕМИ ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА. И СЕГА СЕ ПРАШУВАМ: КАКО МОЖИ НЕКОЈ ШТО ПРОДАВА ВОДА ДА СЕ СООЧИ СО ФИНАНСИСКИ ПРОБЛЕМИ? АМА НИКАКО ,,ПЕЧУРКАРОТ“ НЕ КАЖУВА КАКО БАРАЛ И КОЛКУ МОЛЕЛЕ ТОКМУ ТОЈ ОД РЕГУЛАТОРНА ЗА ДА ТИЕ МУ ДОЗВОЛАТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ВОДАТА.

 

  • ПОКРАЈ ЈАВНАТА ОБЈАВА НА ФБ ПРОФИЛОТ НА НАШИОТ СОГРАЃАНИН ЉУПЧЕ ПЕТРЕСКИ ЕВЕ УШТЕ НЕКОЛКУ АРГУМЕНТИ КОИ БИ ТРЕБАЛО ДА ГО ,,ЗАТВОРАТ“ ГУЛАПЧЕТО ВО КУТЛУК И ДА ГО АЛАРМИРААТ И СОВЕТОТ: ВАШИОТ ПРЕДЛОГ ДО РЕГУЛАТОРНА Е ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ОД 49,14 ДЕНАРИ ЗА КУБЕН МЕТАР.  РЕГУЛАТОРНА ВИ ДОЗВОЛИ 42,48 ДЕНАРИ. ВАШЕТО БАРАЊЕ ЗА КАНАЛИЗАЦИЈА Е 7,59 ДЕНАРИ А, ОДОБРЕНО ВИ Е 7,13 ДЕНАРИ. ВАШИОТ ПРЕДЛОГ И ТАКА НАТАМУ.. СЕГА ПРАШУВАМ КАКО ТАА ИСТА ВЛАДА И РЕГУЛАТОРНА ПО КОЈА КУКАШЕ И ПЛУКАШЕ ПРЕД ЕДНА ГОДИНА, СТАНА ДОБРА ВЛАДА И ДОБРА РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА? КАКО НЕ ВИЕ СТРАМ ТАМУ КАДЕ ШТО СТЕ ПЛУКАЛЕ СЕГА ДА ЛИЖИТЕ? НА КРАЈ ЗА НЕ ПОКАЖЕ ГУЛАБОСКИ ЗАГУБА ВО 2023 ГОДИНА, 13 тата ПЛАТА КОЈА ВРАБОТЕНИТЕ ЈА ДОБИВАА ВО ТЕКОВНАТА ГОДИНА, СЕГА ИМ ЈА ИСПЛАТИ НА ВТОРИ  ЈАНУАРИ ОВАА ГОДИНА. А БЕ МИСЛИШ НАРОДОТ ,,МАСТИЛО ПИЕ“ И НЕ ЗНАЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА!?!

 

  • И ОВАА ПРЕДНОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ШТО ЈА ДОНЕСЕ ГУЛАПЧЕТО ПРЕДИЗВИКА БУРНИ РЕАКЦИИ КАЈ ПРИЛЕПЧАНИ.  ФБ ИЗГОРЕ СО НЕГАТИВНИ РЕАКЦИИ КОИ СЕРИОЗНО ЌЕ СЕ ОДРАЗАТ ВО ПРЕДИЗБОРИЕТО. ТОКМУ ОД  ОВИЕ ФБ РЕАКЦИИ ВО ПРИЛИКАВА ИЗДВОЈУВАМ ЕДНА ОНАА НА ПАЛЕ ПЕЧИЈАРЕСКА МАТЕСКА КОЈА ВЕЛИ: „ПЛАТАТА НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА Е ЗГОЛЕМЕНА ЗА 15 ПРОЦЕНТИ ВО СПОРЕДБА СО АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ДРУГИТЕ ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ. КОЛКУ СЕ ВРАБОТЕНИ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА, А КОЛКУ ОПШТИ РАБОТНИЦИ?!? БИ ПЛАЌАЛА МЕСЕЧНА СМЕТКА ОД 2 000 ДЕНАРИ ДОКОЛКУ ПАРИТЕ ОДАТ ВО ИЗГРАДБА НА НОВИ ВОДОВОДНИ МРЕЖИ И ДОКОЛКУ СЕ МЕНУВААТ СТАРИТЕ АЗБЕСНИ ЦЕВКИ. АМА ЗА ВРАБОТЕНИ НА ИЗМИСЛЕНИ РАБОТНИ МЕСТА ДА ЗЕМААТ 40.000 ДЕНАРИ – JOK !!!“ ЈА ЧИТАМ ОВАА ПРАВИЧНА РЕАКЦИЈА ОД ПАЛЕ И СИ ВЕЛАМ: ПАЛЕ,ПАЛЕ, БИДЕЈЌИ СИ ПРАВИЧНА И ВОСПИТАНА ВО ДУХОТ НА ДОМАЌИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ, ЗАТОА ЌЕ БИДЕШ ПЕРСОНА НОН ГРАТА ВО ОПШТИНАТА. ИАКО ДОЛГО ВРАБОТЕНА ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И МНОГУМИНА МОЖАТ ВОДА ДА ТИ НОСАТ И НОЗЕТЕ ДА ТИ ГИ МИЈАТ, АМА ТАКВИ КАКО ТЕБЕ НЕ ИМ ТРЕБААТ НИ НА ОВИЕ БАНДИТИ ОД ВМРО ДПМНЕ, НИ НА ОНИЕ БАНДИТИ ОД СДСМ.

 

  • ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ  ВО СВОЈСТВО НА КООРДИНАТОР НА ВМРО ДПМНЕ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ГРАДОТ ТИ БИЛ МНОГУ ЛУТ НА ПОТЕГОТ НА ГУЛАБОТ. МУ ИДЕЛО ОД ДНОТО НА ДУШАТА СО ЧИСТА СВЕСТ И СОВЕСТ ДА ГО ФАТИ ГУЛАПАЧЕТО ЗА ВРАТ,  ДА ГО ПОПАРИ СО ЖЕШКА ВОДА И ДА ГО ИСКУБИ. АМА НЕ МОЖЕЛ ОТИ БОКИ ГО ШТИТЕЛ. А, СКОРО И КОНКУРСОТ ЗА НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ОПШТИНАТА ЗАВРШИЛ. ПА НА ДРЖАВНА ,,ЦИЦКА“ ТРЕБА ДА СЕ ЗАВРШИ  ЗА ЛИЧНОСТ ПОВРЗАНА СО И ЗА ГУЛАБЧЕВО. АМА ЗАТОА ОВАА ОДЛУКА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ВОДАТА ШТО ТРЕБА ДА ЈА ИЗГЛАСА СОВЕТОТ ИЛИ НЕМА ДА БИДЕ ПОСТАВЕНА НА ДНЕВЕН РЕД ИЛИ ВООПШТО ДО ИЗБОРИ НЕМА ДА БИДЕ ДОНЕСЕНА. ТАКА ШТО ГЛАДНИОТ ГУЛАБ САМО СОН ЗА ПРОСО ЌЕ СОНУВА. ПОЗНАВАЧИТЕ НА ПРИЛИКИТЕ ТВРДАТ ДЕКА ВО ВАКВИ УСЛОВИ СО ИГОР ГУЛАБОСКИ НА ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ФИНАНСИСКИ НЕМА ДА МУ ЦВЕТААТ РОЗИТЕ.

 

  • НА СИТЕ ОВИЕ УТКИ И СКАНДАЛО КАКО КРОТКИ ЈАГНИЊА СИ МОЛЧАТ ОВИЕ ОД СДСМ. НИ ДА ПИСНАТ НИ ЗАБИ ДА СТИСНАТ БАРЕМ ЕДНА РЕАКЦИЈА ДА НАПИШАТ. ОДБРАЛЕ СТРАТЕГИЈА ,,МОЛЧЕЊЕТО Е ЗЛАТО“. Е СЕГА СЕ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕТО: ОВА Е СТРАТЕГИЈА НА ПАРТИЈАТА НА ЦЕНТРАЛНО НИВО ИЛИ ДОГОВОР НАМЕТНАТ ОД ДВАЈЦАТА КЛУЧНИ  НЕФОРМАЛНИ АМА МНОГУ ВЛИЈАТЕЛНИ КООРДИНАТОРИ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ВО ДВЕТЕ ПАРТИИ СО СВОИТЕ ПОДДРЖУВАЧИ. ТИЕ ШТО ЗНААТ ДО КАДЕ СЕ ДОЈДЕНИ РАБОТИТЕ АМА МОЛЧАТ ПОРАДИ РАБОТНИТЕ МЕСТА, МОЛЧАТ ПОРАДИ ПОЗИЦИИТЕ А, НАЈМНОГУ МОЛЧАТ ПОРАДИ ПАРИТЕ ШТО ГИ КАЛАПАТ ОД И СО СВОИТЕ РАБОТНИ МЕСТА.

 

 

Би можело да ве интересира

Утринава снег на патиштата и забрана за движење на тешки товарни возила на патните превои

Извидниците од Прилеп со нов проект – „Извидничко движење за подобар свет“

Гордана Цветаноска

Горивата поскапуваат

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе