11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (68)

Пишува Зоран Момироски

  • ДОДЕКА ГРАЃАНИТЕ ЧЕКААТ ПРОМЕНИ, НОВИ И СПОСОБНИ КАДРИ КОИ ЌЕ ОДГОВОРАТ НА ПРЕДИЗВИКОТ, ВО ПАРТИИТЕ ЗАПОЧНАА ПРЕДИЗБОРНИТЕ РЕДЕНКИ. БЕЗ ОКО ДА ИМ ТРЕПНЕ СЕ РЕДАТ, СЕ МЕСТАТ И СЕ ПАЗАРАТ ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ФАЦИ НЕ БАРЕМ СДСМ И ВМРОД-ДПМНЕ ИМ СЕ ОД ТАТКО НАСЛЕДЕНИ. НА САШО ДАМЕСКИ – ВЕЃАТА КАКО ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ВО ПРИЛЕП ДЕНОВИВЕ МУ ГО ПОДЗАПАЛИЛЕ НЕГОВИОТ АВТОМОБИЛ ,,АУДИ“ И ТОА ПРЕД СЕМЕЈНАТА КУЌА НА УЛИЦА БИТОЛСКА. ЗА НЕГО ОВА Е КЛАСИЧНА ЗАКАНА СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ЗАСЕГА НЕПОЗНАТИ ПРИЧИНИ. ПО ОВА ПОЧНАА ДА СЕ ВРТАТ  МУАБЕТИ ДЕКА САШО ПОДНЕСОЛ  НЕФОРМАЛНА ОСТАВКА ВО ПАРТИЈАТА. И ЧОВЕКОТ ПРЕДИЗБОРНО БАРАЛ ФУНКЦИЈА ВО ДРУГА  ,,ПОМИРНА“  ИНСТИТУЦИЈА, ОТИ ВО СЛУЧАЈ НА ПРОМЕНА НА ВЛАСТ, ВЕЃАТА ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТИ ВО СЕКТОРОТ ФИНАНСИИ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ, А НЕГО  ВО ОВАА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА НЕ МУ СЕ ОДИ. НЕ САКА ДА СЕ ВРАЌА ВО КРИВОГАШТАНИ.  ДОГОВОРОТ НАВОДНО БИЛ ДОДЕКА ДА МУ НАЈДАТ ДРУГА ДИРЕКТОРСКА ФОТЕЉА  ТОЈ ДА ОСТАНЕ ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ. А КАКО МОЖНО РЕШЕНИЕ ЗА ОВАА ИНСТИТУЦИЈА ВО ЧАРШИЈАТА  СЕ ВРТИ  ИМЕТО НА ХРИСТИЈАН ЈОВЧЕСКИ. ДИРЕКТОРОТ НА ЗАТВОРОТ  ПОТВРДИ ДЕКА  ДЕНОВИВЕ МУ Е ЗАПАЛЕН ,,АУДИОТ“, АМА НЕГИРА ДЕКА ТОЈ ЛИЧНО ПОДНЕСОЛ ОСТАВКА. МУ БИЛО УБАВО ДА СИ ДИРЕКТОРУВА КОЛКУ МОЖЕ  ПОДОЛГО ОТИ ПЛАТАТА СЕГА ТАМУ МУ БИЛА 90.000 ДЕНАРИ.

 

  • НЕ Е ПРОБЛЕМ  ШТО ПО СМЕНАТА НА ЕПТЕН ВЕЧНО,,МАРКАНТНИ“ ЛУЃЕ  ПОДОЛГ ПЕРИОД ПРИЛЕП Е МАРГИНАЛИЗИРАН ОД ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ. НЕ Е ПРОБЛЕМ  ШТО ОД  ГРАДОТ  ПО СМЕНАТА НА ГОРАН СУГАРЕСКИ  ОД  МИНИСТЕР ЗА ТРАНСПОРТ  И ВРСКИ И ДИРЕКТОР НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА  И ПО ОСТАВКАТА  НА  ХАРИ ЛОКВЕНЕЦ ОД ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА МЖ – ТРАНСПОРТ,  ОД ГРАДОВ НЕМА ФУНКЦИОНЕР ВО ИЗВРШНАТА ВЛАСТ. СЕГА Е  ПРОБЛЕМ  ПРЕД ГРАЃАНИТЕ  И ПРЕД  ЧЛЕНСТВОТО НА  СДСМ  КАКО ОВИЕ  ,,УГИЧИ“ НА ПРИЛЕПСКИОТ ОГРАНОК  ПРЕДИЗБОРНО ДА ГО ПОДОБРАТ СВОЈОТ ТОТАЛНО ИЗГУБЕН УГЛЕД. ПА РЕШИЛЕ  ИМИЏОТ ВО ПРИЛЕП  ДА ГО ВРАТАТ  СО МИКИ КРСТЕВ, СЕКРЕТАР НА ПАРТИСКИОТ ОГРАНОК И ДИРЕКТОР НА ПРИЛЕПСКИОТ КАТАСТАР. МОМЧЕВО СО ГОЛЕМИ АМБИЦИИ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ БИДЕ ЗАМЕНИК  МИНИСТЕР ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА  ВО ИДНАТА ПРЕОДНА ,,ПРЖИНСКА“ ВЛАДА, ТАА ШТО ТРЕБА ДА ГИ СПРОВЕДЕ  ИЗБОРИТЕ. ГАЗДИВЕ ОД АКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО  ОО НА СДСМ –ПРИЛЕП ПРОЦЕНИЛЕ ДЕКА МИКИ Е  ДЕТЕ ОД КАРИЕРА. ПО ПОТЕКЛО, ПО ТАТКО ОД ШТИП И МАЈКА ОД КОЧАНИ. ПА И ТОЈ КАКО И НЕГОВИОТ НАДРЕДЕН ПО ФУНКЦИЈА ЦАКИО, ОД ДИРЕКТОР НА СТАРСКИОТ ДОМ ВО ПРИЛЕП, ПРЕКУ  ДИРЕКТОР НА КАТАСТАРОТ  САКА  ДА БИДЕ ЗАМЕНИК МИНИСТЕР, А ЗОШТО ДА НЕ ЕДЕН ДЕН И ПРЕМИЕР. ОТИ ВО ЕДНА ОД ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ ВО ГРАДОВ ВО ПРИЛЕПСКИ МАНИР НЕКОЈ НА ШЕГА МУ РЕКОЛ НА ЦАКИО: ШТО СЕ МАЧИШ БРЕ ЧОВЕЧЕ ОД ПОДРАЧНА НА ЗЕМЈОДЕЛИЕ, ВО УЈП, ПА ГЕНЕРАЛЕН НА ТУТУНСКИ? ТРЕБАЛО ДИРЕКТНО ОД ПОДРАЧНА ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ВО ВЛАДА – ПРЕМИЕР!!!

 

  • ПРЕД НОВАТА ГОДИНА КЕТИ СМИЛЕСКА ДИРЕКТОРКАТА НА БОЛНИЦАТА, НА НЕФОРМАЛЕН БРИФИНГ СО НОВИНАРИТЕ ВО СВОЈ ,,МАНЕКЕНСКИ“ СТИЛ  ГИ ИНФОРМИРА ДЕКА СМЕ  ДОБИЛЕ НОВ КАБИНЕТ ЗА ЕНДОКРИНОЛОГИЈА. ДЕМЕК ОНИЕ  ШТО ИМААТ ПРОБЛЕМИ СО ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА ДА НЕ ,,ВРВЧАТ“ ПО ПАТИШТАНА ДО БИТОЛА И СКОПЈЕ. ТИ УСПЕАЛА КЕТИ ДА ГО РЕНОВИРА И ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ, А СЛУЖБАТА ЗА АНЕСТЕЗИОЛОГИЈА ДОБИЛА ДУРИ 6 НОВИ ПАЦИЕНТ-МОНИТОРИ. ТИ ИМАЛО И МОНИТОРИНГ АПАРАТИ И ЗА АКУШЕРСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ, А ЗА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА УВО, НОС И ГРЛО АПАРАТ ЗА КОНТРОЛА НА НОВОРОДЕНЧИЊАТА. ЗА ОВА ПОСЛЕДНОВО КЕТИ НИКАДЕ НЕ СПОМЕНУВА КАКО ОВА ОДДЕЛЕНИЕ ОСТАНАТО СО ЕДЕН ДОКТОР; КОЛКУ ГОДИНИ НЕ Е ОТВОРЕНА ОПЕРАЦИОНАТА САЛА ЗА УВО НОС И ГРЛО И ДЕКА СО ОВОЈ ПРОБЛЕМ СОСТОЈБАТА Е КАТАСТРОФАЛНА. НО И ПОКРАЈ СЕ’  ВАКА КОГА ЌЕ СЛУШНЕ ИЛИ ПРОЧИТА ЧОВЕК ШТО НАПРАВИЛА ДИРЕКТОРКАТА НА БОЛНИЦАТА  ЗА ,,УВЦЕ“ ЕПТЕН УБАВО ЗВУЧИ. И ДО КОГА?!? ДО КОЛЕДЕ!!! ОВИЕ ОД ВМРО – ДПМНЕ ВЕЧЕРТА ТИ СЛИКАЛЕ СЛУЖБЕН АВТОМОБИЛ  НАДВОР ОД  КРУГОТ НА БОЛНИЦА. И  ЕКСПРЕСНО И ЈАВНО ПОСТАВУВААТ ПРАШАЊЕ: КОЈ ОД УПРАВАТА  СО СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО НОЌТА СЕ ВОЗИ  НА КОЛЕДАРСКИ  ОГНОВИ. ЈА ЧИТАМ РЕАКЦИЈАТА И СИ ВЕЛАМ: ДОБРО БЕ  ВИЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ  ТОЛКУ НЕ ВИ ПАДНА НА УМ ДЕКА ВОЗИЛОТО Е НА ,,ВИСТИНСКОТО“ МЕСТО? ИЛИ САМО ДА СЕ КРИТИКУВА. ЕДНАШ ВЕЛИТЕ СЛУЖБЕНАТА КОЛА СЕ ЗЛОУПОТРЕБА И ПРАШУВАТЕ ДАЛИ НЕКОЈ  ОДИ ОД  УПРАВА  НА КОЛЕДАРСКИ ОГНОВИ. НЕ ПОМИСЛИВТЕ  ДЕКА МОЖЕБИ КЕТИ НАРЕДИЛА ДА СЕ ВРШИ НОЌНА ПАТРОЛА И УВИД ВРЗ ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА ГРАЃАНИТЕ, НА ТИЕ ШТО ЌЕ БИДАТ  КРАЈ КОЛЕДАРСКИТЕ ОГНОВИ. ПА НЕЛИ МОЖЕ ТИЕ ШТО  ЌЕ ЈАДАТ И ПИЈАТ ДА НЕ СЕ ПРЕЈАДАТ И ПРЕПИЈАТ?! СЕ ГРИЖИ БОЛНИЦАТА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ И ТАМУ КАДЕ ТРЕБА И ТАМУ КАДЕ НЕ ТРЕБА. ФИНАНСИСКИ Е ПО ,,ОПРАВДАНО“ СО СЛУЖБЕНО ВОЗИЛА НА КОЛЕДАРСКА ПРЕВЕНТИВА, ОТКОЛКУ НА КОЛЕДАРСКА  КУРАТИВА.

 

  • СО МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ ЕДНО ВРЕМЕ КОГА ЗАЕДНО РАБОТЕВМЕ ВО КАНАЛ 5 ЧЕСТО НА КАФЕ ВО ТОЈ НАШ ЛЕТНИКОВЕЦ ПОКРАЈ ВАРДАР ДЕБАТИРАВМЕ,  А ЧЕСТО И СЕ ПОТКАРУВАВМЕ И ТОА  ЗА ПРИЛЕП. ЗА ТОА КОЛКУ ПРЕД  МНОГУ ГОДИНИ И’ НАШТЕТИ  НА ФК ПОБЕДА КОГА ЈА  ,,КОДОШЕШЕ“ ВО УЕФА, ЗА МНОГУ ПОЛИТИЧКИ СОСТОЈБИ ВО ГРАДОТ И ВО МАКЕДОНИЈА, ЗА ДРУЖБИТЕ И СТАВОВИТЕ СО НЕГОВАТА ЕКС ДРУГАРКА  МИРКА ВЕЛИНОВА И ЗА НИВНИОТ  ТОГАШЕН  ПУЛЕНИК НИКОЛА ГРУЕВСКИ. И СЕКОГАШ  ГО СОВЕТУВАВ: АКО ОДИ ЗА БИТОЛА ДА ЈА КОРИСТИ ПРИЛЕПСКАТА ОБИКОЛНИЦА. СЕГА ПАК ОТКАКО ГО ОБЈАВИЛ ПОСТОТ ЗА ЏЕМО ДА НЕ ПОМИСЛУВА ДА ГО ПОСЕТИ ПРИЛЕП!!! ГО ЧИТАМ МИЛЕНКО И СЕ ПРАШУВАМ, ДАЛИ Е ВИСТИНА?!? А МИЛЕНКО ПИШУВА: ВО ВРЕМЕ НА СДС ОД ПЕЛАГОНИСКО (НЕ ЗНАМ ДАЛИ МИСЛИ САМО НА ПРИЛЕПСКИОТ ИЛИ И НА БИТОЛСКИОТ ДЕЛ ОД ПЕЛАГОНИЈА )  ПРЕКУ ЏЕМО, МИСЛИ НА АЛЕКСАНДАР СПИРКОСКИ ,,ЏЕМО“ ОД ПРИЛЕП ВО ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ И ОРГАНИ ТИ СЕ ВРАБОТИЛЕ  НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ ЛУЃЕ. АЈДЕ ДА БЕА ДЕСТИНА ЌЕ ПОВЕРУВАВ, АЈДЕ ДА БЕА СТОТИНА, ПАК  ЌЕ ПОВЕРУВАВ. АМА ИЛЈАДНИЦИ?!? ШТО Е МНОГУ, МНОГУ  Е!!!! ПА ТАРИФАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ БИЛА 5 000 ЕВРА ПО ВРАБОТЕН. И УШТЕ СУГЕРИРА НА МАТЕМАТИКАТА, ДЕМЕК САМИ ДА СМЕ СИ ЈА НАПРАВЕЛЕ  И ДА ПРЕСМЕТАМЕ САМО ПО ОВОЈ ОСНОВ КОЛКУ ЦАНКО ЗАРАБОТИЛ. И СО ЦЕЛ ПАМЕТ СЕДНАВ И НАПРАВИВ ПРЕСМЕТКА. ПРИТОА  ГО СТАВИВ  БРОЈОТ  1000, А НЕ НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ, КАКО ШТО ПИШУВА НЕДЕЛКОВСКИ. И СИ ВИКАМ АБЕ МИЛЕНКО МЕНЕ ТОА МНОГУ ПАРИ МИ ИЗГЛЕДААТ?!? НЕ ЗНАМ  ЗА ТЕБЕ  БРЕ ЧОВЕКУ. ЗА КРЕДИТ ОД 10.000 ЕВРА СЕКОЈА  БАНКА БАРА ЕДЕН ЖИРАНТ КАКО ГАРАНЦИЈА. ПРИТОА СЕ ПРАШАВ: АБЕ МИЛЕНКО ИЛИ ЈАС СУМ БУДАЛА, ИЛИ ТИ СИ ПАМЕТЕН!?! ПА ДУРИ И ПАРИТЕ ДА ГИ ДЕЛАТ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ. НА КРАЈ И ТАКА  ДА Е, КАКО ШТО ПИШУВАШ ТИ, ТОГАШ  ЦАНКО НЕ БИ МОЖЕЛ ДА ГО НАПРАВИ ТОА БЕЗ ,,Р’ТКИ“ ОКОЛУ НЕГО, БЕЗ ЛУЃЕ ЗИНАТИ ЗА ПАРИ, БЕЗ ЛУЃЕ КОИ И ЖЕНИТЕ БИ СИ ГИ ДАЛЕ ЗА ЕВРО ПОВЕЌЕ.

 

  • КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА ПРИЛЕПСКИОТ  ГРАДОНАЧАЛНИК БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ  СЕГА Е  РАБОТНО АНГАЖИРАН. РАСПОЛОЖЕН И НАСМЕАН, ПОКАНУВА ЧОВЕКОТ, ВИКА И ГИ ПОВИКУВА СИТЕ ГРАЃАНИ И СЕЛАНИ НА ЗАЕДНИЧКА ПРОСЛАВА НА ВАСИЛИЦА, А ПОТОА И НА ВОДИЦИ. БОКИО  ДАВА ИЗЈАВИ СЕ ДРУЖИ СО КОЛЕДАРЧИЊАТА, СО ДЕЦАТА ОД РАНЛИВА КАТЕГОРИЈА НА ЗАЕДНИЧКИОТ РУЧЕК ОРГАНИЗИРАН ОД ,,ДЕТСКАТА АМБАСАДА ЗА СИТЕ ДЕЦА ОД СВЕТОТ“. ПОРАЧУВА БОКИО ДА ПРАЗНУВАМЕ, ДА СЕ ВЕСЕЛИМЕ И СИТЕ ДА СЕ ОРГАНИЗИРАМЕ. НО, И ДА СЕ ВКЛУЧИМЕ ВО ХУМАНИТАРНИТЕ АКЦИИ ЗА ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА ОНИЕ КОИ БАРААТ, МОЛАТ И ИМ Е ПОТРЕБНА ГОЛЕМА ПОМОШ. Е ЗА ТОА ТОЈ ВЕЛИ: КАКО ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ОБЕЗБЕДИВМЕ  КОЛЕТЧИЊА.“ ПРИТОА БОКИО НЕ КАЖУВА КОЛКУ ТОЈ ЛИЧНО ОД СВОЈАТА ,,СКРОМНА“ ПЛАТА ОБЕЗБЕДИ КОЛЕТЧИЊА, ИГРАЧКИ И ПОДАРОЦИ. ТОЈ МОЖЕБИ САКА ДА ОБЕЗБЕДИ, ДА КУПИ И ДА ПОДАРИ, АМА И РАКА НА СРЦЕ ЧОВЕКОТ ИМА СТРАВ ОД „ЗМИЈА“ ШТО ЈА ИМА ВО НЕГОВИОТ  ЏЕБ.  ВЕСЕЛ И НАСМЕАН ГРАДОНАЧАЛНИКОТ  ДАВА ИЗЈАВИ ОТИ НИКОЈ НЕ ГО ПРАШУВА ШТО НАПРАВИ ВО ИЗМИНАТИВЕ ДВЕ ГОДИНИ. НИКОЈ НЕ ГО ПРАШУВА КОИ ,,ОГРОМНИ“  ИНВЕСТИЦИСКИ  ПРОЕКТИ  ДОСЕГА ГИ РЕАЛИЗИРА И ЌЕ ГИ РЕАЛИЗИРА. СИТЕ СЕ ВЕСЕЛИ И СРЕЌНИ. СО СИТЕ НИВ, СО СИТЕ  НАС И БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ СИ Е ВЕСЕЛ И РАДОСЕН. ПРИ ПРВИОТ ПОГОЛЕМ И СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ БОКИО НИКАДЕ НЕМА ДА ГО ИМА.

 

  • АМА ЗАТОА ТУКА Е НЕГОВИОТ  ,,НАЈСПОСОБЕН“ ЧОВЕК, ДРУГАР ОД ДОВЕРБА ИГОР ГУЛАБОСКИ-ГУЛАБО, ДИРЕКТОР НА ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ПРИЛЕП. СЕ ВРТАТ МУАБЕТИ  ДЕКА ТОЛКУ  ГУЛАПЧЕТО ЛЕТНАЛО ВО ОБЛАЦИ ШТО ТЕШКО ДА СЕ ОРИЕНТИРА. АМА И ДА СИ ГО НАЈДЕ  ,,ГУЛАБАРНИКОТ“ ИЛИ  ТОЛКУ  ВЛАСТА МУ УДРИЛА ВО ГЛАВАТА ШТО ЧОВЕКОТ НА ГОЛЕМО ВЕЌЕ САКА И СЕ ЗАМИСЛУВА ИДЕН ПРАТЕНИК. ЗА ВОЛЈА НА ВИСТИНАТА  ПРИ КАДРОВСКИТЕ КОМБИНАТОРИКИ  ВО О.К. НА ВМРО-ДПМНЕ КОГА БЕА УТВРДУВАНИ ИДНИТЕ МОЖНИ КАНДИДАТИ ЗА АНКЕТА ЗА ОВАА ФУНКЦИЈА, МЕЃУ ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ТИ БИЛ И ГУЛАБОТ. АМА ПРИ ГЛАСЊЕТО  МЕЃУ ЧЛЕНОВИТЕ НА КОМИТЕТОТ  МНОЗИНСТВОТО НА ИГОРЧЕ  МУ РЕКЛЕ СУДБОНОСНОТО- НЕ. ПРЕВЕДЕНО, ПОРАКАТА БИЛА:  „ДОСТА ТИ Е ДИРЕКТОР! ОТИ И ЗА ТОА ШТО СИ НАВИСТИНА НЕ ТЕ БИДУВА!!!“ АМА ТОА НЕ МУ БИЛО ДОВОЛНО НА ГУЛАПЧЕТО, ПА КАКО ШТО ЗБОРУВА ЧАРШИЈАТА ЧОВЕКОТ СИ ОДЕЛ НИЗ ГРАДОТ И УВЕРУВАЛ ДЕКА АКО САКА МОЖЕ ПРЕКУ НОЌ ДА БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ПРАТЕНИК. АМА МУ БИЛО МНОГУ ЖАЛ И НЕ МУ ДОЗВОЛУВАЛА СОВЕСТА ДА ГО ОСТАВИ НА ,,ЦЕДИЛО“ БОКИО. ОТИ АКО НЕ БИЛ ДО НЕГО, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МОЖЕ УШТЕ ПОВЕЌЕ  ДА ,,ЗАЦАПА“. АКО Е ТАКА СЕГА ПОСТАВУВАМ ПРАШАЊЕ: КОЈ ВО СУШТИНА Е ГРАДОНАЧАЛНИК БОКИО, ГУЛАБО ИЛИ МУЦЕТО, ИЛИ  МОЖЕБИ СИТЕ ЗАЕДНО?!? ВО ЕДНА ОД ИДНИТЕ КОЛУМНИ ЌЕ ИМА УШТЕ НЕКОЛКУ ПИКАНТЕРИИ ОКОЛУ СЕМЕЈСТВАТА ГУЛАБОСКИ И ЈОВЧЕСКИ. КАКО   ФУНКЦИОНИРААТ И КОИ ИГРИ СО ИЗМИСЛЕНИ И ЛАЖНИ МЕСТЕНКИ  СИ ГИ ИГРААТ, А НАРОДОТ И ЧЛЕНСТВОТО ВО КОМИТЕТОТ МОЖАТ  ПОД ,,ПЕНЏЕРЕ“ ДА МУ ПЛУКНАТ.

 

  • ПО СКОРО ЕДНА ГОДИНА НАТЕГАЊЕ ,,МАРФИЛ“ ЌЕ ГО РЕАЛИЗИРА СВОЈОТ ГРАДЕЖНО УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ – ВИСОКОКАТНИЦА КАЈ СТАРИТЕ МЛИНОВИ НА ЖИТО ПРИЛЕП НАСПРОТИ НОВАТА АВТОБУСКА И ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА. ДИЛОТ  МЕЃУ ПОЕДИНЦИ ОД ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ И МАРФИЛОВЦИ КАКО ШТО ВО ПРИЛЕП ГИ ВИКААТ  Е ЗАЦВРСТЕН СО ОДЛУКАТА НА СОВЕТОТ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА НАЦРТ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА ОПШТИНА ПРИЛЕП. ЗА МНОГУМИНА ОВА ЕДНОСТАВНО МОРА ДА СЕ СЛУЧИ БИДЕЈЌИ ИЗБОРИТЕ СЕ ПРЕД ВРАТА. ТАКТИЧКИ, ЗА СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ ДА МИНЕ БЕЗ МНОГУ ТРТ-МРТ ПО ОВА ПРАШАЊЕ РАСПРАВАТА БЕШЕ СТАВЕНА ПОСЛЕДНА ОТКАКО ПРЕДХОДНО СЕ РАЗГЛЕДУВАА  ДРУГИ ДВАЕСЕТИНА ПРЕДЛОГ ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ  И ПЛАНОВИ НА ЈАВНО КОМУНАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И УЧИЛИШТА ОД ПРИЛЕП. ПОЗНАВАЧИТЕ НА ПРИЛИКИТЕ ТВРДАТ ДЕКА СО ПРВИОТ ПЛАН ТУКА ТРЕБАЛО ДА СЕ ГРАДИ БИЗНИС МОЛ, А ЛОКАЦИЈАТА КАКО ПРИВАТНА  ПАРЦЕЛА Е ОТКУПЕНА ЗА ПОВЕЌЕ ОД 400.000 ЕВРА.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем!(45)

Пела Редакција

Oпштина Новаци домаќин на хрватска делегација од збратимената општина Дуги Рат

Елизабета Филипоска

Изнемоштените и болните до полноќ да се пријават ако сакаат да гласаат за претседателските избори

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе