25.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп: Нови 8 позитивни и прва жртва од Ковид 19

Регистрирани се 8 нови случаи на инфицирани со коронавирус.
Еден од пациентите кои се наоѓаат на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје, утринава почина. Станува збор за повозрасен маж, информира прес службата на Општина Прилеп.

На Инфективното одделение во Општата болница „Борка Талески“ во моментов се наоѓаат 7 лица, од кои 5 се со позитивен наод, а на две лица им е земен брис и се чекаат резултати. Сите 7 лица се со средна клиничка слика.

Во самоизолација се наоѓаат 264 лица. Во текот на ноќта и денешниот ден, не се забележани случаи на непочитување на на полицискиот час и на самоизолацијата, се вели во информацијата.

Би можело да ве интересира

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

Опожарени новите електрични мини-буси во Прилеп на Автобуската станица

Пела Редакција

Посебен режим на сообраќај за Илинден кон Крушево

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе