16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Две жени од долненско краделе во трговски дуќан во Струга

Охридската полиција вчера фатила двајца крадци при вршење кражба во трговски објект на ул.„Маршал Тито“ во Струга. Жените – крадци биле од долненските села, а одземеното било вратено на сопственикот. Против крадците ќе биде поднесена соодветна пријава, известуваат од МВР.

– На 25.01.2024 во 14.30 часот во Струга, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле 40-годишната Б.Т. од прилепското село Долнени и 47-годишната С.А. од селото Дебреште, прилепско. Тие биле затекнати при вршење кражба во трговски објект на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот, соопштуваат од МВР.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Го нападнале со нож и му ги одзеле парите

Тешко повредена жена во сообраќајка меѓу прилепски автомобили

62 дилери од кои 22 од Прилеп биле лишени од слобода на територија на СВР Битола во првите два месеци од годината

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе