16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Ракометарите на Прилеп со успешен старт ја започнаа битката за суперлигашки опстанок

Прилепските ракометари извојуваа  победа над  Скопје со 32-24  и со победа на домашен терен ја започнаа својата битка во суперлигашкиот плеј-аут.  Домашните предноста ја направија во првото полувреме и во второто само рутински ја одржуваа без поголеми проблеми запишувајќи ги првите три бода во жестоката битка за опстанок што претстои во Супер Лигата.

Ангелески беше одличен на голот, а лесни голови беа постигнати од контранапади, најчесто преку Рајатоски, па со победа екипата на РК Прилеп се израдува на првите три бода во битката за суперлигашки опстанок.

Најдобри стрелца беше Владан Кастратовиќ со девет и Рајатоски и Цветаноски со по пет погодоци. Во составот на Скопје ,пак, Давор Шокоски беше најпрецизен со девет гола.

Во следното коло Прилеп ќе гостува кај Голден Арт.

Би можело да ве интересира

КОГА НАСТАПУВА ПРИЛЕПЧАНКАТА ПУЛЕКСЕНИЈА НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ТОКИО?!

И вториот пријателски натпревар во корист на Победа

Немила сцена во Прилеп – капитенот на ФК Победа колабираше на терен

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе