11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(Видео)Јовчески даде отчет за сработеното пред граѓаните на Прилеп: Го намаливме долгот од 5 милиони евра, вложивме 50 милиони денари во образованието… ,

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески денеска пред граѓаните на Прилеп даде отчет за изминатите две години работење на Општина Прилеп:

„ Како локална самоуправа ја подобривме патната инфраструктура во градот и населените места, придонесовме во изградба на нови паркови и игралишта, извршивме обнова и реконструкција на детски игралишта и спортските терени, се создадоа услови за почиста животна средина со редовно чистење на депониите и градежниот шут, речните корита, со редовно подигнување на сметот од граѓаните, чистење на коритото од градската река по поплавите, со ефикасното справување со пожарите, со грижата за младите, стимулации за поголема популација и поквалитетна едукација, со подобрување на условите за живеење на лицата од третата доба, со субвенционирање на бесплатен градски превоз, со институционално и вониституционална грижа, и многу други проекти поврзани со општествено – културно живеење во Прилеп“ -рече тој пред преполнетата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Отчетот пред граѓаните започна со инвестициите во образованието, сработеното во основните и средни училишта во Прилеп:

Инвестиравме над 50 милиони денари од сопствениот буџет во училиштата и ги поддржавме сите проекти кои основните и среднита училишта ги реализираат, како во градот, така и во населените места, за поквалитетно образование и подобри услови за учење на нашите деца. Според потребите на училиштата, направени се реконструкции и рехабилитации на училници, ходници, тоалети, кабинети, канцеларии, спортските сали и спортските игралишта, исто така поставени се образовни помагала смарт табли, хортикултурно и партерно уредување на дворовите, набавени се компјутери, телевизори, извршени се адаптации на неискористени простории, адаптирани сензорски соби … Овие инфраструктурни уредувања и тековни активности кои ги реализираа училиштата за подобрување на условите за работа и одвивање на наставно – образовниот процес, се суштински важни за квалитетно образование во Општина Прилеп. Ние тоа го направивме и продолжуваме да го правиме во интерес на иднината, во интерес на нашите деца“, рече тој.

За патната инфраструктура во градот тој истакна дека е значително подобрена:

Рехабилитиравме и асфалтиравме  80.000 м2  улици и патишта со вредност од 120.000.000 денари, за подобра патна инфрструктура во Општина Прилеп зашто без квалитетни патишта и улица нема добра комуникација. Во некои од тие улици се нема инвестирано повеќе од 30 години.“

Јовчески истакна дека благодарение на прилепските пратеници Ане Лашкоска и Петар Ристески , Прилеп гради стратегија за заштита на животната средина со изградбата на фабриката за рециклирање на отпад која е планирана оваа година:

За заштита на животната средина обезбедивме  1.500.000 евра за изградба на фабрика за рециклирање на отпад  во општина Прилеп. Но, исчистивме и над  1000 м2 мешан комунален отпад и градежен шут од дивите депонии. За време на поплавата само од речно корито, извадовме  4.000 м3 кал, тиња и отпад; насадивме близу 5000 садници во околината на Прилеп и во Прилеп, набавивме специјално возило за прифатилиште за бездомни кучиња и цистерна за пререње и одржување на улиците“.

Во Прилеп се создаваат можности и грижа за населението преку разни мерки за социјална заштита, посочи Јовчески:

Заедно со претседателот на Советот и советничката група донесовме низа мерки за социјална заштита. За помош на родителите од оваа 2023/2024 учебна година, со одлука на Совет на Општина Прилеп, за прв пат, 664 првачиња од основните училишта од Општина Прилеп добиваат бесплатен оброк. За таа цел од буџетот на општината одвоивме 3 милиони и 800 денари. Наредната 2024/2025 бесплатен оброк ќе имаат и дечињата од второ одделение. Од оваа академска, 2023/2024 година, за 20 најдобри студенти и за социјално ранливи категории на студенти од Општина Прилеп, им доделуваме месечна стипендија.  На кои сме посебно горди! Доделивме финасиска поддршка и за наградени средношколци и основци кои учествувале на меѓународни и државни натпревари, 500 илјади денари  беа доделени на 144 наградени ученици. Ги поттикнуваме да учат, да се надоградуваат и да впиваат нови знаења. Од оваа учебна година, наградени ќе бидат и наставниците во одделенска и предметна настава во основните и средните  училишта и воспитувачи од ЈОУДГ „Наша  иднина“ кои дале посебен придонес во едукативниот развој на децата. Воведовме бесплатен јавен градски превоз за пензионери со ниски примања, кој моментално го користат 1 000 пензионери и го спроведуваме проектот за вонинституционално згрижување на лицата од третата доба. Помогнавме со 1. 200 000 денари парична помош на 400 ранливи категории семејства, субвенциониравме  и 400 граѓани за набавка на велосипеди, за здрава животна средина,“ рече тој.

Градоначалникот Јовчески во своето излагање ја истакна важноста на штедењето на локалната самоуправа бидејќи вратени се од средства од претходно направениот долг:

Со одговорно и чесно работење, после две години локална власт, успеавме вкупно преземените обврски од 292.562.164 денари, од крајот на 2021 год., до овој момент, да ги намалиме на само 47.085.000 денари! Едноставно кажано, нашата општина, која што со моето преземање на функцијата градоначалник имаше скоро 5 милиони евра долгови, истите сега изнесуваат нешто помалку од 800 илјади евра. Со добро менаџирање штедевме и направивме подобра финасиска конструкција за квалитетен развој на Општина Прилеп“ – рече Јовечски пред присутните.

Во обраќањето стана збор и за вложувањата во спортските и културните манифестации, а беа наведени и новите проекти кои се планирани за Прилеп:

Во насока на развојниот пат на Општина Прилеп,  оваа 2024, ќе започнеме со имплементирањето на предвидените капиталните проекти: изградба на кружен тек на Булеварот „Гоце Делчев“ (на раскрсницата кај НУЦК „Марко Цепенков“), изградбата на катната гаража (на паркинг – просторот позади „Леоне“), изградба на спортска сала во ООУ „Блаже Конески“. Со работа и креирање на поквалитетни услуги за граѓаните, чесно и одговорно сме насочени кон нашиот град да го направиме поубаво место за живеење – соочувајќи се со предизвицитте и решавајќи ги препреките! Во најдобар прогресивен дух, покажуваме  решителност да создаваме, работиме и креираме,“ – истакна тој пред граѓаните на Прилеп.

Изјавата за јавност Ви ја пренесуваме во целост:

Би можело да ве интересира

Женските политички здруженија од Прилеп активно го одбележаа Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март

Елизабета Филипоска

Општина Прилеп ќе обезбеди помош за населението погодено од земјотресот во Турција и Сирија

Гордана Цветаноска

Училиштната лабораторија во СОУ „Ѓорче Петров“ доби лабораториска опрема од Витаминка

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе