7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Стоби флипс во ново – роденденско пакување

Со издавање на специјалното, роденденско пакување на Стоби флипс продолжуваат активностите на Витаминка за одбележување на 40 години откако првпат е произведен најпопуларниот македонски бренд. Роденденската едиција со стилизирана бројка 40 е наменета за 40-грамската, прва амбалажа на овој производ и на оригиналниот вкус.
Издавањето на роденденското пакување е важно затоа што покажува дека изгледот на Стоби флипс во изминатите 40 години не се изменил, исто како што остана ист и препознатливиот вкус и квалитет. Вкусот и квалитетот се најважните карактеристики што го направија Стоби флипс бренд број 1 кај повеќе генерации потрошувачи.
Роденденскиот Стоби флипс е достапен на полиците во продажните места насекаде низ државата.

Би можело да ве интересира

Тутунски ги награди најдобрите работници

Прилепските фирми се соочуваат со недостиг од работна сила

Гордана Цветаноска

Вкусот на овошјето и зеленчукот не го определува изгледот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе