16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Важноста од превенирање на машкото здравје во организација на „Филип Лукароски„-  Прилеп

Денеска беше организирано предавање на тема „Превентивата како прв чекор за добро здравје кај мажите“, во организација на Здружението за унапредување на здравјето „Филип Лукароски„-  Прилеп и Витаминка.

Предавањето за опасностите по машкото здравје од различни аспекти, пред вработените беа претставени од предавачите Петра Лукароска, претседател на Здружението за унапредување на здравјето Филип Лукароски, д-р Љубица Илиеска доктор по општа пракса од ПЗУ Алфамед Прилеп, д-р Златко Савоски, специјалист интернист и д-р Влатко Кузманоски, специјалист уролог.

Поради недоволното знаење и свесноста за опасностите по машкото здравје, предавањето имаше за цел да информира, едуцира и да ја подигне свесноста за ризиците по машкото здравје и превентивното делување.

Би можело да ве интересира

МАНИФЕСТАЦИЈА „МЛЕКО 2022“, ЗБИРНО МЕСТО КАЈ ГРАДСКИОТ СААТ

Кога дома си е дома… што е пратформата домашно.мк?

„Биди креатор на својата автономна зона„ порачаа младите од Младински Совет Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе