14.5 C
Прилеп
сабота, 21 септември, 2024
Пела Радио

„Prilep OUTLET Weekend“ станува нова бренд манифестација на Прилеп

„Prilep OUTLET Weekend“ станува нова бренд манифестација на Прилеп.  Убавата прилепска чаршија исполента со квалитетни производи, со прикладни цени и забава на секој чекор, со максимална вклученост на сите трговци и угостители, преку одлична организација на Оптшина Прилеп, создаде, третиот по ред  „OUTLET Weekend“ да привлече  посетители и од другите градови на Македонија, кои уживаа во шопинг турата во градот под Марковите кули.

Настанот, кој поради денот Свети Валентајн го носеше името “Valentine Outlet Weekend, започан на 14-ти февруари, а кулминираше последниот ден, 17ти февруари, кога во прилепската чаршија “вриеше како во кошница“ од посетители. Прилепските дуќанџии и угостители на своите излози имаа постер со заштитното лого од настанот, за купувачите да знаат каде можат да пазарат во овие денови со попуст, а посетителите уживаа и во добрата организација надополнета со музика, забава за деца и греано вино!

На социјалните мрежи, и трговците, и купувачите не го сокрија своето огромно задоволство од настанот:

„Одличен настан. Секој ден се’ подобро, за да последниот ден го достигне зенитот на успехот. Чаршијата денеска особено беше жива, со насмеани лица, задоволни и среќни купувачи, вриеше од народ!“ напиша еден од трговците и упати честитки  за одличната организација.

“Благодарност за организираниот настан. Навистина се’ поместивме од мртва точка. Во иднина уште подобро и помасовно да организираме вакви шопинг настани “- напиша задоволен угостител

„Дојдовме од Кичево за „Prilep OUTLET Weekend“. Слушнавме за настанот од радио и не зажаливме што сме тука,во Прилеп. Набавивме квалитетни производи, по солидни цени и уживавме во прилепското кафе и забавата во прилепската чаршија„- рече воодушевен посетител на Прилеп

Шопинг настанот “Prilep OUTLET Weekend“ кој се одржа од 14 до 17 февруари, го посетија над 5000 посетители, од Прилеп и  од другите градови, а сите ужуваа во шопингот, ниските цени и во одличната забава за сите генерации.

Шопинг настанот „Prilep OUTLET Weekend“ е во организација на Општина Прилеп и Прилепската чаршија. Настанот започна минатата година и овој пат, се одржа по трет пат, но веќе станува препознатлива, интересна манифестација во регионот.

 

Би можело да ве интересира

Љубов и вино – поетско музичка вечер за Св. Трифун и Денот на љубовта

Гордана Цветаноска

Силекс триумфираше во Прилеп!

Гордана Цветаноска

Ден пред Василица повторно на заедничка дружба кај Градскиот саат

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе