На 19.02.2024 околу 10.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на место викано „Пештерица“ над вештачкото езеро во Прилеп, настанал пожар во помошна просторија на викенд куќа, сопственост на Љ.Т.(57) од Прилеп. Од екипа на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
На 19.02.2024 во 19.15 часот во ОВР Прилеп, Ѓ.А.(34) од Прилеп пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка Џ.Ќ.(13). Според пријавеното, таа заминала да живее кај лице во Битола, а и порано се оддалечува и била пронаоѓана и враќана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.02.2024 во 23.30 часот во ОВР Прилеп, К.И.(33) од Прилеп пријавил дека на ул.„Тризла” во Прилеп, Ќ.Ш. и А.Н. од Прилеп му се заканувале со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Информациите се од полицискиот билтен на СВР Битола