16.3 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Исчезна Александар Јошески, семејството бара помош

Од вчера напладне му снемува траг на Александар Јошески од Прилеп, а семејството денеска на социјалните мрежи сподели фотографија и побара помош од јавноста.

Како што споделува неговата ќерка, тој бил последно виден кај автомеханичар „Цуцуло“, по што се упатил кон Селце.

На себе имал тегет тренерки со бели траки, зелена јакна и црни патики.

Сопругата од Александар денеска пријавила во полицијата за неговото исчезнување:

„Денеска (22.02.2024) во 10.00 часот во ОВР Прилеп, С.Ј.(47) од Прилеп пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг А.Ј.(46). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето,“ стои во полицискиот билтен.

Би можело да ве интересира

На “Утринска ѕвезда„ глумеа, пееа, ги „собраа“ наградите, и, гордо си заминаа!

Ќе се одржи „Крушево низ корија“ на 14 и 15 август

Прилеп 4, Крушево и Македонски Брод по 1 позитивен случај на корона вирус

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе