11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Театарот Златен Елец во Прилеп гостува со претставата „Грета“

Во театарот „Војдан Чернодрински“ на 28 февруари, среда, од 19.30 ч. ќе биде прикажана претставата „Грета“ во режија на Тамара Стојаноска. Претставата е проект на независниот театар „Златен Елец“.

Со „Грета“ се раскажува приказна за театарот, за создавањето на театарски светови, за пробата и процесот, за актерите како душата на театарот, за односите на театарските уметници во еден процес. Ситуациите и ликовите што се претставени се модели земени од театарскиот свет, ликови кои што на сите театарџии ќе им бидат многу блиски и познати, а за оние кои не се во оваа професија, ова ќе биде како ѕиркање во една театарска приказна која што преку комедијата ќе води низ процесот на создавањето на една претстава. Сите ликови се обични луѓе со различни погледи, методи, принципи и поинаква љубов кон театарот и животот воопшто. Низ претставата се прикажани осум различни концепти за култната сцена со кутијата на Грета од „Фауст“ и двајца актери кои
што ќе зборуваат за својата професија, за магичните, но и за оние тешки моменти со кој се судира секој театарски уметник. Театарот постоел илјадници години и ќе продолжи да постои и покрај тешкото време во кое се наоѓа, бидејќи ова е повеќе од професија, ова е начин на живот, чудна моментална магија на сцена која што не се повторува исто двапати.

Театарската претстава „Грета“ е работена според делото на Луц Хибнер и Јохан Волфганг фон Гете со адаптација и режија на Тамара Стојаноска. Играат: Димитрина Мицкоска Трајкоска и Ане Блажовски; Преведувачи: Тамара Стојаноска и Ане Блажовски;
Музика: Лука Тошев; Вокал: Дина Јашари; Дизајнер на плакат, маски и портрети: Бојана Цилевска; Изработка на сценографија: Слободан Петрушевски; Извршен продуцент: Бобан Алексоски; Продукција: Театар „Златен Елец“ – Скопје; Фотографија: Јани Патче. Претставата доби награда за најдобра женска улога на Интернационален фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино  2022 та година.

Би можело да ве интересира

70 години списание „Стремеж“

Пела Редакција

Јубилејни 100 години успех на Прилепска Пиварница

Пела Редакција

До каде се градежните работи на Градски? (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе