7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Здружението Преродба со мартинки за дечињата од прилепските градинки (ВИДЕО+ФОТО)

Мартинките се симбол на месец март , тие  се носат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк, а во Македонија и до здогледување на првата ластовица.Денешниот прв ден од март , на најмладите од градинката при ООУ Рампо Левката – Прилеп и во другите градинки  им го разубавија жените од здружението Преродба кои им подарија мартинки и измамија безброј детски насмевки и задоволство кај дечињата.

Дечињата нетрпелво и со голема љубопитност за оваа традиција која треба да се одржува и негува а членките и со песна ги поздравија најмладите.

Традицијата вели дека на првиот ден од март најстарата жена во семејството да врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци.Мартинката претставува засукан бел и црвен конец, најчестo волнен. Боите имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа.

 

Би можело да ве интересира

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(13)

Гордана Цветаноска

Богојавление – Водици годинава симболично ќе биде одбележан

Гордана Цветаноска

„Најсреќниот човек на светот“ вечерва во киното Мис Стон

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе