16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Пример за почит: Kaj газда Мине во Десово лебот е бесплатен за месецот Рамазан

Верниците од исламска вероисповед  го започнуваат рамазанскиот пости , за големиот исламски празник Рамазан Бајрам. Во текот на Рамазан, муслиманите настојуваат да ја заврстат својата духовност и поврзаност со Алах. Тоа го прават низ молитви и рецитирање од Куранот, трудејќи се своите постапки да ги прават свесно и несебично, притоа воздржувајќи се од озборувања, лаги и расправии. Обичај од петте столбови на Рамазан е дарувањето во хуманитарни цели.

Газда Мине Рамовиќ, од село Десово, како добар верник го знае тоа, па затоа во месецот на Рамазан во неговиот маркет “Табако”, лебот е бесплатен за сите, и тоа во неограничени количини. За таа цел сопствениците обезбедиле спонзори за секој ден до празникот Рамазан, па жителите од ова населено место можат бесплатно да ја подигнат оваа најнеопходна намирница.

Секоја чест за Рaмовиќ и нека служи за пример за сите стопанственици, газди на маркети…од сите религии!

Би можело да ве интересира

Цветници, празник во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалем

Почина легендарниот Халид Бешлиќ – Прилепчани го паметат по настапот на „Пивофест 2013“

Пела Редакција

Прилеп: Се уредува централното градско подрачје и Чарши џамија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе