18.8 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

Прилеп: Се уредува централното градско подрачје и Чарши џамија

Продолжуваат градежните активности за доуредување на централното градско јадро што е сликата на Прилеп. Старата градска чаршија е белег на градот, а во тие рамки и Чарши џамијата која што децении е оставена на забот на времето, без да се преземат било какви комунални, археолошки  или градежни зафати за нејзино зачувување.

Чарши џамија во срцето на прилепската чаршија е заштитеното културно добро и претставува значаен дел од историското и културното наследство на Прилеп.

„Прилеп не смее да има руинирани објекти во самиот центар на градот. Нашата обврска е да го зачуваме и уредиме секое место кое сведочи за историјата на градот.Затоа, во координација со Јавните комунални претпријатија и под посебен надзор на НУ Завод и музеј Прилеп, пристапуваме кон внимателно расчистување и уредување на просторот околу овој локалитет. Просторот ќе биде исчистен, уреден, ограден и соодветно осветлен, со почит кон неговото историско значење. Различностите мора да ги почитуваме, а културното наследство да го чуваме. Само така градиме достоинствен и европски Прилеп, град во кој се негува историјата и се гради мултикултурно општество,“ посочи градоначалникот Дејан Проданоски на социјалните мрежи .

Би можело да ве интересира

Октет Прилеп вечерва ќе одржи годишен концерт

Театарот „Војдан Чернодрински„ со претставата Клетници во Струмица

За Пиво Фест, се подобрува соработката меѓу угостителите и полицијата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе