7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

За 1 522 денари „пораснала“ минималната синдикална кошничка за март

За март 2024 вредноста на минималната синдикална кошничка  изнесува 58.998 денари и е зголемена за 1.522 денари во однос на февруари, кога изнесуваше 57.476 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за март, синдикалната минимална кошничка би изнесувала 74.373 денари. Пресметката е под претпоставка за семејство од двајца родители и две деца, кои живеат во сопствен стан од околу 60 квадрати.

„Зголемувањето е најизразено кај делот со храната и пијалоците, што е резултат дека трговците не го послушаа апелот на ССМ и неосновано само во интерес на зголемување на својот профит енормно ги зголемија цените на прехранбените производи што резултира со нефер практики на трговците, и доведува до осиромашување на работниците и граѓаните,“ посочуваат од ССМ.

Само за храна и пијалаци во месецот се трошат над 22 илјади денари. До скоро дел од производите беа под мраз- мерка со која на некој начин цените се држеа под контрола.

Според податоците на Сојузот на синдикати на Македонија, вредноста на кошничката е во постојат пораст од почетокот на годинава, а поконкретно, за овој месец зголемувањето е најизразено во делот со храната и со пијалаците. Трошоците на едно семејство за храна и за пијалаци овој месец изнесуваат 22.681 денари и се повисоки за 1.462 денари споредено со февруари, кога изнесуваа 21.219 денари. Или, пак, за четири месеци – од декември лани до март 2024 година – трошоците само за храна и за пијалаци се зголемени за 1.951 денари, односно за 9,41 %.

Би можело да ве интересира

Никогаш не се пронајдени посмртните останки на хероите Борка Талески и Лазо Филиповски – Лавски – Oдбалежана 76 годишнината од нивната смрт

Елизабета Филипоска

(Видео) Кој е тајниот загадувач што ги труе прилепчани?!

Пела Редакција

Започнаа теренските активности на ЕВН за зајакнување на напонот во Три Багреми-Тризла

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе