11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ :”Rib Or All Parts Matter Of Fact” – од Аница Бебиќ и Тома Димовски (ФОТО)

Изложбата е посветена на целосното постоење на жената, во која се истакнува значењето на секој дел од нејзиното тело и неговата улога во општеството. Со оваа изложба се поттикнуваат посетителите да размислуваат за разновидноста на женското тело , како и за значењето на секој аспект од нејзиното постоење. Преку уметнички изрази,ќе бидат  прикажани  жените како целосни, моќни и важни делови на општеството.Овој настан обединува теми како рамнотежа меѓу различните улоги на современата жена, историскиот контекст на нејзината улога во општеството како и значењето на индивидуалната идентичност и самосвеста.

,, Rib or all parts matter of fact ‘’  е изложба направена со цел да се покаже дека секој дел од телото на жената е битен. Секоја точка, агол, кривина и со тоа е целина. Генерализирање на
само еден дел од неа е многу чест, но со тоа жената треба да покаже мистерија, дека е силна и дека се кај неа е битно.Модерните слики се како жена, никогаш нема да уживате во нив ако се обидувате да ги разберете. ЗАТОА НЕ СЕ ОБИДУВАЈТЕ ДА ЈА РАЗБЕРЕТЕ ИЗЛЖОБАТА – ЕДНОСТАВНО УЖИВАЈТЕ ВО НЕА! – вели Аница Бебиќ за Радио Пела 

Изложбата на фотографии ќе биде поставена на две локации, со две отварања. Првата локација во КСП Центар Јадро, Скопје на втори Април, а наредниот ден на трети Април со уште едно отварање ќе биде поставена во ОРО – Радио Галерија и Бар, каде што публиката ќе може да ја погледне и во наредните два дена ( 4 и 5-ти Април).Учесници :Ана Денковска, Филип Трајаноски. Музика: Оливер Јосифовски.Благодарност до Националниот сојуз на лица со телесна попреченост Мобилност Македонија.

Би можело да ве интересира

Концертите се враќаат на сцена, одобрени протоколите

По 16-ти пат ликовна колонија „Марко Цепенков -Дрен 2024“

Пела Редакција

Претставата “Стапица за глувци” одложена

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе