7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Започнaa чествувањата на патрониот празник на СОУ „Ѓорче Петров“

Од денеска, 29 ти март СОУ „Ѓорче Петров“ започнува со тридневните активности и настани посветени на одбележување на патрониот празник. Претпладнево во спортската сала на училиштето се одржува турнир во одбојка на кој што учество ќе земат голем број на ученици од прилепските училишта.

Според програмата в понеделник на 1 ви април со почеток од 18 часот во НТ „Војдан Чернодрински“ Прилеп ќе се одржи свечена академија посветена на ликот и делото на Ѓорче Петров.

На 2 ри април, вторник, на  денот кога се одбележуваат 159 години од раѓањето на Ѓорче Петров ќе биде оддадена почит на патронот со полагање на цвеќе пред споменикот   во центарот на Прилеп како и пред спомен плочата на родната куќа на Ѓорче Петров во Варош на македонскиот професор, публицист, историчар, идеолог на Македонската револуционерна организација.

Би можело да ве интересира

ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп: набавката на автобусите доправа ќе се чешла!

Гордана Цветаноска

Дел од добивката од маските ќе оди во касата на Црвениот Крст за помош на семејства

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО)Чупетрески: Редот и безбедноста се најважни во јавниот превоз

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе