14.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Нов крст на кровот на прилепскиот храм Св.Благовештение

Денеска беше поставен  нов крст на кровот на најстарот и највеличествениот прилепски храм “Св.Благовештение“, изграден 1838 година, познат меѓу прилепчани како Стара црква.

На фејсбук фан страната на храмот ја пренесува информацијата во која се вели: „Пред храмовата слава, Светото Благовештение, поставен нов крст на кровот на нашата прилепска светиња. Нека овој победоносен Христов крст трае низ времињата и сведочи за верните прилепчани.“ 

В недела на 7 ми април , храмот го слави својат пратрон празник , Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец или празникот на радоста. Празник е празник на  Пресвета Богородица, но и  празник Господов. Тој е празник кој го слави  зачнувањето и вочовечувањето на Исус Христос во утробата на Богорица.

Односно ,свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро – бакнете ја мајка ви!

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

Би можело да ве интересира

Излезе новиот кавер на Божидар Николовски “ Fly me to the moon”

Со Господ напред и се плоди нашето племе

Пела Редакција

(ВИДЕО)Антипод: Два рекорда, еден ден, еден човек-Дарко Неданоски, авантурист по вокација, спасител по професија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе