12.1 C
Прилеп
сабота, 23 ноември, 2024
Пела Радио

ОК на ВМРО ДПМНЕ -Прилеп :„Венко Филипче е најнеспособниот министер за здравство кој некогаш Македонија го имала„

Прес конференција пред градската болница „Борка Талески „- Прилеп одржаа  од ОК на  ВМРО ДПМНЕ. На прес конференцијата беше истакнато следното:

„Најнеспособниот министер за здравство кој некогаш Македонија го имала, Венко Филипче, периодов е во невозможна мисија за ублажување на катастрофалниот пораз со кој СДС и ДУИ ќе се соочат на изборите.Човекот кој ќе остане запаметен по низа афери и немили настани кои се случија токму во неговиот мандат, овој пат си тера политичка кампања без никаков срам.Народот многу добро памети дека токму во негово време се случи еден од најтрагичните настани кога 14 живи луѓе изгореа во модуларната болница во Тетово. Народот е згрозен и бара одговорност и за случајот со Онкологија, каде врз болеста и маката на луѓето, поединци решиле да се богатат. Зарем е можно сето тоа да се случувало, а министерот да не знае? Прилеп и прилепчани особено со огромна тага се сеќаваат и на периодот на корона, кога поради неспособноста на владата на СДС и Венко како министер, кои не успеаа да навремено да набават вакцини и да донесат правилни одлуки и мерки, Прилеп туркаше црни рекорди по бројот на починати.

И замислете, истиот тој човек, без трошка срам и совест, сега доаѓа во нашиот град и ги убедува гласачите, со истите лажни ветувања од пред 7 години, дека ќе го подобреле животот, ќе го подобреле здравството, ќе се грижеле за докторите и медицинскиот персонал и ќе ги зголемеле платите. Каква дрскост и безобразие. Од друга страна, директорката на прилепската болница Кети Смилеска, во недостиг на инвестиции и проекти во болницата, не и преостанува ништо друго освен да се слика со Венко Филипче. И наместо да си тераат политичка кампања, Кети Смилеска да одговори пред јавноста, дали е вистина дека прилепската болница, располага само со три исправни возила за транспорт на пациенти? Дали е вистина дека прилепската болница чии услуги од Прилеп и околината ги користат речиси 100.000 жители, на располагање има само три вакви возила возила? Почитувани, оние кои ја урнисаа државата, не можат во никој случај да бидат луѓето кои ќе донесат промени на подобро. Затоа после изборите, СДС заминува во историјата. Македонија повторно ќе биде горда.“ беше речено на прес конференцијат аод ОК на ВМРО ДПМНЕ-Прилеп

Би можело да ве интересира

ОК на ВМРО ДПМНЕ се прашува: Што се случи за да се измени проектот кај вештачкото езеро?!

Елизабета Филипоска

Петкоски: „Локалната власт го игнорира писмото на министерката за образование и блок дотациите ги кориси ненаменски„

Елизабета Филипоска

Ковачки: Платеници го запалија автомобилот на пратеникот Ристески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе