30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Лукароска му честита на Проданоски, со надеж дека ќе го понеси Прилеп кон развој и напредок

Кандидатката за градоначалничка на Прилеп од редовите на СДСМ и коалицијата, Петра Лукароска, преку својот Фејсбук профил му ја честита победата на Дејан Проданоски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и се обрати до граѓаните на градот.“ Поразите се дел од политичкото патување, но од ова искуство ќе извлечеме важни поуки и убедена сум дека СДСМ наскоро ќе се врати на победничките патеки.“,напишаа таа честитајќи им го изборот и на идните советници.

Почитувани членови на СДСМ, почитувани сограѓани,

По завршувањето на вчерашните избори, мнозинството граѓани ја дадоа својата доверба на Дејан Проданоски и на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Во оваа прилика, искрено му ја честитам победата и се надевам дека ќе ги реализира ветените проекти, носејќи го Прилеп на патот кон развој и напредок, излегувајќи од сивилото во кое западна изминатите четири години.

На новоизбраните советници им посакувам успешна работа, носење одлуки што ќе значат подобар живот за сите прилепчани. Советничката група на СДСМ и коалицијата ќе остане гласот на граѓаните, конструктивна опозиција и одговорен коректор на локалната власт.

Жалам што овие избори бележат историски најниска излезност и што повеќе од половина од граѓаните не го искористија своето демократско право. Пораката од граѓаните е јасна – потребно е искрено да се погледнеме кон самите себе. Причините за нашиот резултат ќе ги бараме исклучиво во нашите редови, преку темелна анализа на работењето и пристапот на СДСМ.

Изразувам голема благодарност до сите членови и граѓани кои ни ја дадоа својата поддршка, како и до сите кандидати и соработници за нивната енергија, посветеност и труд за време на кампањата.

Поразите се дел од политичкото патување, но од ова искуство ќе извлечеме важни поуки и убедена сум дека СДСМ наскоро ќе се врати на победничките патеки.“, напиша Лукароскиа

Би можело да ве интересира

Проданоски: Реконструкција на ул. „Александар Македонски“ е приоритетен проект за Прилеп

Николоски: Очекуваме референдумска излезност на 8 ми мај!!!

Пела Редакција

Лукароска: „Црвен картон“ за Владата – прилепчани одбија да присуствуваат на срамната партиска претстава

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе