Мицкоски нагласи дека професорката Гордана Силјановска Давкова е решението за претседател на Македонија, жена со принципи која непоколебливо верува во правдата, во вредностите и во Македонија, која има свој став, кој може да му се допаѓа некому или не, но таа до крај се бори за него, затоа што верува во него.
Гордана Силјановска Давкова покажа лојалност кон своите принципи и е еден од најдобрите експерти и познавачи на уставното право и политичкиот систем, работи кои овие години најмногу ги газеше немилосрдно оваа власт. На Македонија и треба претседател, а не измеќар на ДУИ. Времињата се тешки, но изборот никогаш не бил појасен. Заокружувањето за бројот 2 и поддршката за Гордана Силјановска Давкова на овие избори за претседател подразбира значи избор за Македонија која ќе биде повторно горда, за Македонија која ќе има цврсти ставови и кичма која нема да се витка,изјави Мицкоски.
Мицкоски ги повика граѓаните да бидат дел од промените, затоа што е доста од хаос, корупција, безредија, нагласи дека криминалот нема етничка димензија, а за луѓето кои повеќе од 20 години ја ограбија Македонија после 8 мај нема да биде „како до сега“, туку ќе има одговорност.
– Народот има загубено контрола над сопствените институции и над сопствената држава. Државата не служи на народот, туку на стотина луѓе од ДУИ, а ти се служат со Македонија за полнење на своите џебови. Проблемот овде во Прилеп и во сите други градови не е само слабото владеење на СДСМ, туку што и самата СДСМ, бидејќи таа на тацна ја даде Македонија на Артан, Бујар, Талат и Ахмети.
Овој народ се спротивставувал секогаш во тешки моменти. Секогаш знаел да се избори за своето. Македонија ќе ја направиме повторно горда, Македонија повторно твоја, промените во ваши раце, изјави Мицкоски.