0.6 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

Талевски и Стевананџија: Македонија созреа во демократијата – изборниот процес во Прилеп се одвива во фер и демократски избори

Кети Стевананџија, кандидат за пратеник во 4ИЕ од Коалицијата за европска иднина, денеска го оствари своето граѓанско право и гласаше на претседателските избори,потенцирајќи ја важноста кон европска иднина.
На Македонија и’ треба претседател кој нема да ги дели граѓаните по партиска, етничка или било каква друга основа. На Македониоја и’ треба претседател кој на своите граѓани ќе им овозможи европска иднина. Од терен согледувам дека изборниот процес во Прилеп се одвива во демократска атмосфера и верувам дека граѓаните ќе ја направат вистинската одлука. Нема откажување од иднината!“ изјави таа.

Миле Талевски, кандидат за пратеник во 4ИЕ од Коалицијата за европска иднина, остварувајќи го своето граѓанско право на Претседателските избори 2024 изјави:

 

„ Гласањето како врвен демократски инструмент, одредува во каква држава сакаме да живееме и каква иднина ќе оставиме на следните генерации. Денеска излегов и го дадов својот глас. Денешниот изборен ден претставува пример дека Македонија ја научила својата лекција дека може да одржи фер, демократски и мирни избори.Во Прилеп и во целата земја се случуваат скандинавски избори,без притисоци и закани, без забелешки за изборниот ден, без огромен број на странски набљудувачи. Ова покажува дека Македонија созреала во демократијата.   Фер и демократски избори се највисокиот чин во демократијата  и тоа сите полички партии треба да го почитуваат и никој  не смее да му го скрати тоа право на граѓаните, да си ги изберат своите претставници. Република Македонија избира Претседател на државата во првиот круг на претседателски избори  и очекуваме да биде избран Претседателот кој ќе ги претставува граѓаните на највиоко ниво, да биде човек кој ќе ги оствари ветувањата“ а пред се човек кој има габарит да ја претставува државата во најдобро светло. Тоа значи дека државата мора да го продолжи европскиот пат, да има напредок на државата, а не да се враќа назад во минатото. Практично Стево Пендаровски тоа го покажа во првиот негов мандат, тоа го очекуваме  и во наредниот, Стево Пендаровски да добие втор мандат и очекуваме голема победа на СДСМ и на 8 -ми мај  да ја формираме идната влада  и претседател на Република Северна Македонија„ – изјави Талевски.

Би можело да ве интересира

Манастирот Трескавец конечно добива водовод, за пречистителна станица ќе се почека…

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Посетата на Тренчевска го потврдува поразот во социјалната политика на СДСМ

Пела Редакција

Кои се проблемите на урбаните и месните заедници?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе