14.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ и коалицијата др. Венко Филипче, возеа по патот од Градско кон Прилеп, односно по првата делница Градско – Дреново, каде работите се завршени над 90%.

„Експресниот пат Градско-Дреново, ова е првата фаза од клучка Градско од исклучување од главниот пат Коридор 10. Ова е Коридор 10Д. Сè уште е во градба, меѓутоа на оваа делница асфалтот е вграден со 98% од сите количини на асфалт”, вели Бочварски.

Според ресорниот министер првата делница, која што ја возат со Филипче е 91% завршена, а на втора делница работите се завршени до 80% поради комплексноста на теренот.

 

Би можело да ве интересира

Најавени прекини во снабдување со струја во Прилеп

Пела Редакција

Октетот Прилеп со концерт одбележува три децении постоење

Промоција на книгата „Не правете го тоа во мојот автомобил“ од авторот Емил Крстески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе