Му благодарам на претеседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски за јавно изразената поддршка во вториот круг, напиша на Твитер кандидатката за претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска -Давкова, по изјавената поддршка од нејзиниот противкандидат од првиот круг, претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, за вториот круг од претседателските избори.
„Многу ми значи. Не ја заборавам. Ја сметам за храбар, демократски, инспиративен поттикнувачки и одговорен политички чекор“, напиша Сиљановска на Твитер. Димитриевски вчера изјави дека ќе гласа на претседателските избори и дека нема да го чкртне ливчето. „Јас веќе се извинив за мојата претходна поддршка за Пендаровски“, рече лидерот на ЗНАМ.