16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

За Пелагонија попладневно УХМР најавува нестабилност и пороен дожд

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2), локално поројни, проследени со појава на грмежи, најавија од УХМР. Во Прилеп максималната температура измерена во 14 часот изнесувала  13 степени, а најниска била во Крушево само 9 степени.

Измерена температура во 14 часот и наврнат воден талог за изминатите 6 часа до 14 часот: Најниска температура е измерена во Крушево 9°C, а највисока во Скопје, Виница, Куманово и Велес 18°C.
Најмногу воден талог наврна во Крушево 14 l/m².

До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час).

Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.

Би можело да ве интересира

Пари од Општинскиот Буџет за помош на ФК „Победа„ и РК „Прилеп“ и за сметките за вода за социјалните семејства

Елизабета Филипоска

Се чистеше спортскиот комплекс кај вештачкото езеро – опад колку да сакаш

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО) Аирлија почеток на тутунскиот откуп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе