7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Победа : Многу комбинации, но триумфот е најважен (ФОТО)

Црвено белите сами одлучуваат за опстанокот во втората македонска фудбалска лига.Противникот е новиот прволигаш Беса и само триумф значи второлигашко друштво во новата натпреварувачка сезона.Прилепчани имаат 28 бода на табелата и се во најповолна ситуација од конкурентите Осогово , Тетекс и Саса кои во последното коло ќе бараат шанса за опстанок.Ако овие три тима не успеат да бидат пред Победа тогаш сигурно некој од нив ќе игра бараж а некој ќе биде и вториот патник заедно со Караорман за трета лига.

ТАБЕЛА: Беса 74, Пелистер 70, Детонит 57, Арсими 51, Вардар Н. и Охрид 42, Скопје 41, Беласица и Башкими 39, Кожуф 38, Новаци 31, Победа 28, Осогово и Тетекс 27, Саса 26, Караорман 15.

ПОСЛЕДНО 30. КОЛО (19 мај во 17 часот): Победа – Беса,  Охрид – Кожуф, Детонит – Караорман, Саса – Вардар Н., Новаци – Скопје, Беласица – Арсими, Осогово – Пелистер, Башкими – Тетекс.

Во најважниот овосезонски дуел , Победа и Беса стартуваат во недела од 17 часот , па затоа и поддршката е повеќе од потребна.Противникот без некој посебен мотив за докажување но затоа пак младиот тим на Победа , пред клучен предизвик , да се биде или не ! Потсетување :  Победа  28 бода, Осогово со 27, Тетекс со 27, Саса со 26. Последниот од оваа група отпаѓа, претпоследниот оди во бараж, двата погорепласирани се спасуваат.  

 

Би можело да ве интересира

Публиката во очекување на гол, но мечот Победа – Охрид заврши без голови

Пела Редакција

Како почна така и заврши дербито на дното – Победа и Скопје ги поделија бодовите (ФОТО)

Никола Димески

Наместо суперлигашки натпревар, Прилеп и Тивкеш одиграа како на тренинг

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе